Дали некаде на интернет има крстозбори на македонски, ама не за да се пополнуваат на компјутер, туку за да си ги испринтам?
Нема продавница од Голден,ама нивната козметика ја има низ парфимерии и плус и на тезгите на пазар има доста производи нивни
Здраво, дали некој од вас знае колку се точни информациите за транспорт на страната www.rio2rome.com ? или можеби знаете некоја слична страница...Мене конкретно ми треба за во Германија
Здраво друштво, кажете ми каде можам да најдам свилена наметка, и по која цена се движат. Ви благодарам однапред.
Сега пребарував како да се блокира лажен инстаграм профил, и пишува дека треба да го пријавам во инстаграм. Како тоа? Знае некој?
Го отвораш профилот што сакаш да го пријавиш. Најгоре десно има три вертикални точки - кликни на нив. Ќе ти појави листа на опции од кои првата е Report. Ќе ти појави да одбереш зошто го пријавуваш профилот, It's spam или It's inappropriate, одбираш едно од нив и тоа е тоа. Едит: заборавив да надополнам дека кога го пријавуваш профилот, ако си го следела Инстаграм автоматски го отследува и блокира, а и тој тебе ако те следел и од кај него тебе те отследуваат.
Дечки After Eight чоколатцата ги има ли во Кам?Некако како во памет да ми е останато дека ги има таму ама не сум сигурна.
Дали знае некој како се вика една слаткарница спроти маркетот Туш во штип? Само прават торти,нема маси за седење...
Минатиов петок бевме ние само на таква церемонија во матично без дополнителна свадба. Си однесовме пари во плик како што си носиме и на свадби по ресторани кога идеме. После матичното бевме до кај родниниве на гости на честито и толку. Сепак моментот што не прават свадба како што се очекува со чочеци не беше причина да не дадеме поклон како што доликува на таков настан. Ако после тоа планираат блиските твои да прават и свадба јас би однела само букет и бомбоњера, па поклон кога ќе биде свадбата.