Ако само се шеткаш по дома и си лежиш во овие, тешко дека ќе ослабнеш Шала настрана, кремов не знам каков е, ама ги имам панталоните и појасот, плус ист таков спортски градник (ги зедов лани од Грција, многу поефтино од понудава, ама не ги користам многу, ме иритираат), и „трикот“ е во самиот материјал - ужасно многу поти, па кога ќе почнеш да вежбаш дупло повеќе ти го загрева и поти телото, па со тоа би требало да ти помогне во слабеењето
Девојки, кај има восок 50мл како овој Не мора да е од Veet, било каков може. И ленти кај може да најдам??
Да, видов уште вчера тука во маркетот, ама сите беа по 100 мл. и тешко дека ќе пасува на апаратчево од Veet. Барав од 50, ама немаше.
Јас имам барано насекаде меѓутоа неуспешно. Го имам истиот апарат од Veet и си купувам од восокот од 100 мл, го загревам во топла вода и го претурам во малово, затоа што е единствено што влегува во Veet. Ако не ти е мака да го правиш овој процес - многу поекономично решение ти е Восок и ленти купувам од Џамбо.
Дали знаете начин како да се лечат плускавици? Ми се направи на глужд една од нови патики и боли премногу кога ги носам.А криво ми е, нови ми се. Пробував последно да не ја затворам со фластер, да се излечи побрзо. Само што почна да заздравува, една пчела ја намириса и ми ја прочепка толку фино и ми ја раскрвари повторно.А не ме касна. Ја исчистив со ракија, па фластер ставив ама не е тоа тоа. Чаре?
Во каталозите на Авон порано имаше крем против плускавици. Го имам користено и навистина е добар.Разгледај, можеби се уште е во продажба.
Ако имаш домашно кантарионово масло, или ако имаш некоја другарка која има по дома кај нејзе, натопи памукче со маслото и држи го врз раничката. Не пече воопшто, и брзо ќе ти заздрави од маслото.