Одјави ја картицата уште веднаш. Нова ќе ти направат и за 2 недели би требало да е готова. Пари ти стигаат на сметка, ти треба само лична карта и на шалтер можеш да ги подигнеш. Ти стигале ли пари претходно на сметка или прв пат ќе ти е? Ако е прв пат, постапката е поинаква. Каква иритација? Ако е нешто сериозно треба да биде третирано со соодветна терапија. После депилација не би требало да има никаква иритација.
Епа има разлика по кој основ ти стигаат парите и во која валута. Треба да потпишеш еден документ доколку е прв прилив.
Да и јас се зачудив претходно сум имала црвенило ама помалку.... Со ладна вода, крема бекутан ми се намали
Какво искуство имате со Lyca mobile? Ќе се враќам за Мкд, но дечко ми и брат ми ќе одат за Германија, па размислувам да земам за да може да им се јавувам и обратно, да не морам да чекам да пуштат нет
Каснам со одговоров, ама немаше на тв. Можеби наредните натпревари ќе ги има. Ако пак нема, тогаш на следниов линк на YouTube Live Streaming https://www.youtube.com/channel/UC7BCRiKGL2aVhDFcDfY6Qmg/live
Дали може да ми кажете каде се вадат и кои документи треба да ги доставам за вадење на Скопска карта во ЈСП за средно училиште и дали истата е бесплатна?
Не ми се смејте, морам вака да прашам. Каде можам да најдам адаптер за дупката за упаљачот во кола, кој има аукс излез и на одредена фрекфенција пренесува музика на радиото од колата од мојот телефон? Значи не од усб само да пренесува, туку да има аукс излез. Ми цркна моево, морам ново да барам. А на радиово во колава немам аукс излез
Кога порачувате од ebay или било која друга страна, освен имејл за потврда на порачката, ви стигнува ли и имејл/смс или нешто слично за тоа колку пари ви се повлечени од картичката, или не треба да стигнува тоа?
Абе луѓенца да ве прашам...Со вкупно 78,205 поени, дали може да се влези на УКИМ-Медицински факултет, Општа медицина? Кои се опциите и сл. мислење?
Со толку малку поени тешко е дека ќе те примат на општа при УКИМ, иако во последниве година-две критериумот е опаднат, сепак последни примени се со по 80 и нешто поени. Можеш да пробаш да се запишеш на УГД, таму со многу ниски поени примаат, па да се префрлиш на УКИМ.