Како да блокирам број да не може ниту да ми пише, ниту да ми ѕвони? Или директно во Вип да одам да го блокираат?
Во контакт ќе го најдеш бројот и ќе го блокираш на Block и повеќе ќе неможе да ти пишува,ниту да ти ѕвони.
Зависи од оперативниот систем, зашто ако користиш телефон со Андроид ако го блокираш од контакти нема да може да ти ѕвони, ама ќе може да ти пишува пораки (ова е проверено ) затоа кога ќе влезеш во пораки треба да има горе во ќошето повеке опции (settings) и од таму ќе избереш Block messages >Block numbers и ќе го внесеш бројот или ќе го селектираш од контактите. П.с ако ти е блокиран бројот нема да ти покажува дека ѕвони, ама кога ќе отвориш во последни повици ќе го има регистрирано повикот.
Има опција во Call settings > Block numbers и ќе го штиклирате Block unknown callers. Извинете за двете мислења едноподруго ама од мобилен не можев да се снајдам да ги спојам двете во едно. Ако може модераторите нека ме корегираат.
Дали знаете за сигурно кој викенд ќе биде бесплатен возот за млади и кој викенд,дали е потребен некој документ и сл.?
Зависи каков телефон имаш.Ги немаат сите телефони тие опции за блокирање.Но постои можност да симнеш апликација таква.
Дечки дали може совет,незнам дали ја погодувам темата,но се работи за моите нокти.Секој ден ги лакирам,нема ден да ноктите не ми се лакирани и ми се премногу жолти.Колку и да ги сечам ноктите повторно ми се истата боја .Дали знаете како да си ја вратам бојата на ноктите?
Од лакот ти се жолти, одмори ги некое време без лак. За избелување мислам дека лимон или сода бикарбона помага.
Некој што се разбира од компјутери дали знае како да се снајдам? Го рестартитав бидејки закочи и ова се случи..