Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Денес моите ми ја донесоа пријавата и сега разгледувам и има нешто што не ми е јасно.Има вид на средно образование во кое се запишува ученикот - дали е тоа прашање наменето за тоа какво школо е ЈБТ (гимназиско) или кога ќе се запишеш дали да одиш на гимназиско сите 4 години или стручно - да си одбереш смер. И после има Фимназиско образование и образовен профил (занимањ во струка) во кои се запишува ученикот - што значи тоа па сега...?
    Јас прашањево го поставив во тема Јосип Броз Тито али никој не ми врати, а и не верувам дека ќе ми вратат, па затоа тука ве прашувам :(
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Гимназиско заокружи си, во ЈБТ нема струка, сите се гимназија.
    Тоа е за сите иста пријава, има училиштa како Гуц што има и гимнација и градежен смер, па запишуваш на кое од нив се одлучуваш :)
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Случајно да не знаете како да го тргнам чудово?
    Не можам гугл да отворам |(
     

    Прикачени фајлови:

    • -_-.PNG
      -_-.PNG
      Големина на фајлот:
      67,1 KB
      Прегледи:
      182
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Законот за 50% попуст за карта за театар и такви уметнички случувања за млади до 27 год. донесен е? :)
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Хумана електролит се раствора во превриена вода додека е жешка или откако ќе излади?

    Итно ми е !!!
     
  6. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Со другарка ми се договоривме летово да испробаме многу спортови...
    Ентузијастични и за сега по потрага по клубови за ролерки :)
    Незнаеме дали има, можеви звучи бесмислено, но ајде со надеж :D

    Ве молам, ако знаете некој клуб за возење ролерки нека каже по лична порака или тука, многу е итно!
    Ви благодарам. :D
     
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    3.711
    Пол:
    Женски
    Девојки јас не се разбирам многу во овие работи па затоа да прашам поискусни.. Утрово треба да пуштам пари на сметка и јас го имам само бројот на сметката не и број на партија.. Може само со број на транс. сметка да завршам работа?Може е глупо прашање, ама јас не се разбирам од вакви работи.. :$ :$

    Ај кажете ми побрзо, зошто треба да тргнувам веќе, фалааа ;)
     
  8. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски

    Налевата страна си ги пишуваш твоете податоци а на десната кај што сакаш да ги пуштиш парите, значи треба да пишува во назив на кој ги пушташ, сметката да ја пишеш и износот.
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Леле значи ако мене не ми се издеси нешто. |(
    Пратив писмо, ама згрешив една буква. |( Во Македонја е, мислам го напишав и градот и поштенскиот број, ама после ми текна и видов дека сум згрешила една буква во името од селото, средната буква наместо со Д јас со Т напишав. Што мислите, ќе стигне сепак? :worried:
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Што стори бре, само писма праќаш :D (шала). Не би требало да има проблем, ги знаат они местата, а и во помалите места и луѓето ги знаат, така да 99% ќе стигне писмото кај што треба. Ако имаат проблем со снаоѓање, ќе ти го пратат назад (претпоставувам си напишала адреса на испраќач отпозади).
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ќути јас сум олд скул :D :D Со писмава растур правам по поштиве. :D
    Ајде се надеваме дека ќе стигне, си рачунаат ваљда и тие во пошта дека грешат луѓево по една буква. :lol:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Ќе стигне. ;)
    Башка ретко кој кај нас се разбира од едначење по звучност, така што можеби половина си го пишуваат регуларно со Т. ;)
    Не е некоја грешка.
    Башка селце, сите се знаат, кај ќе бега.
    Јас кога праќам честитки во малиот град, не пишувам броеви, само име и презиме и адреса - и стигнува. :D
    Додуша од еден на друг комшија, на сите ќе им честиташ Нова година, додека стигне до вистинскиот сопственик. :D
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Сакам на направам портрет од една другарка за подарок за дипломска.
    Во Рамстор има двајца сликари. Додуша едниот повеќе карикатури има, ама па и тој црта портрети. И двајцата држат иста цена.
    Дај кажете кај кој сликар да ја однесам? Стварно се двоумам зошто сакам да биде како што треба, а од она што го видов таму, вака лаички и двајцата се мање-више ок. :^)
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.828
    Пол:
    Женски
    Кај ниеден да не одиш. Ако знаеш некој што учи во средно уметничко или на ликовна академија, подобро ќе ти ги нацрта, а може и поефтино ќе поминеш.
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Ќе стигне со сигурност. И мајка ми праќаше во едно село, ама она го имаше мале повеќе згрешено името :lol:, ама сепак стигна кај што треба :).
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Ана работата е што не познавам некој што за кратко време би ми нацртал. А мене итно ми треба. :( И сега чаре?Парите не се проблем, 1200 денари е. Не е скапо, ама сакам убаво да испадне. Затоа сакав да знам кој од тие двајца подобро би го нацртал портретот. Едниот знам е академски сликар, па мислев кај него. Другиот чинам е карикатурист. :?:
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.828
    Пол:
    Женски
    Е па тогаш кај сликарот... јас од кај едниот се вратив со усб стик полн со вируси, а другиот не ми ја конташе идејата... па затоа не ги препорачувам.
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.828
    Пол:
    Женски
    Ај јас да питам нешто... дали некоја од вас, конкретно девојките муслиманки, знаат дали и каде во Скопје може да се најде абаја? :wasntme:
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    А што е абаја?! :wasntme:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.828
    Пол:
    Женски
    Ова...
    [​IMG]
    (добро сеа, без тие цирконите де)
    Го носат жените во муслиманските земји на Блиски Исток (не во сите), мора да бидат целосно покриени, освен главата, која е покриена со шамија... нешто како мантилите што ги носат муслиманките кај нас (оние што сакаат и мораат), само од послаб материјал.