Ако имаш електронска картица си ја надополнуваш само и ти одзема исто 35ден. за едно возење, а ако плаќаш преку телефон е 40ден.
Дали некој од вас има на забите дамки од пигментација? Како сиви точки? На забар ми рекоа требало да ги полирање ама не можам на секој месец да одам на забар... Кој што прави јас по забари само...Некое друго чаре? Благодарам однапред
дали некој знае каде и дали има кинеска продавница во струмица? поточно барам од оние како мрежести вреќички каде што се ставаат чорапи за во машината, бидејќи машината ми ги кине чорапите.. фала
Оди во Народна банка, таму има еден шалтер на влезот, ќе ти дадат образец, ќе го пополниш, ќе го ставиш во плик заедно со парата и за неколку дена ќе ти јават за да земеш нова...не се плаќа провизија.
Преку една страна имаав нарачено некој производи.Денес отварам на страната и го гледам ова. Можно ли е да имаат некој технички проблеми со страната или?
Препорачајте ми ве молам продавници за одела за младоженец низ Скопје. Ќе одам натаму уште малку па да не лутам да губам време, директ да знам кај да идам
Буџет? Во Сити мол на втор кат имаш Ramsey, Bitsiani (имаш и во ГТЦ) и City Fashion (одела на Pierre Cardin). Во овие продавници околу 500 евра се оделата за младоженци. Има и во Signori (позади Fitness House), за цените не сум сигурна, нека каже некој.
Каде можам да најдам вештачки оган?(Мислам дека етанолски оган се вика)Имаме направено импровизација на камин дома па ни треба вештачки оган.Само за естетика е