Каде можам да најдам паус хартија, и колку чини? и дали може да се печати на печатар на неа текст? Ми треба за свадбени покани, сакам да си ги правам за мојата свадба сама. и сакам текстот да биде на паус хартија.
Бесплатни компјутери за студентите преку Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, постои ли оваа можност? Нешто како да слушнав на вести околу оваа тема. Има ли конкурс за овие ваучери?
1. Дали сеуште има безплатна возна линија за Скопје за викенди? Памтам прво имаше прв викенд,па после прв и трет. Дали е уште така и ако знаете месецов кога има? Ми треба за пат Битола- Скопје. 2. Каде можам да најдам украсни, стикерчиња за нокти во Битола препорачливо, но можи и Скопје, освен во Џамбо?
Во Џамбо има ненадувани балони со бројки, цената им беше некаде од 100+ мислам дека. Твое е само да го надуваш. Златна боја се мислам.
Каде да купам некои многу удобни, меки и квалитетни влошки за чевли? Со потпора кај петата, мемори пена може. Не ми требаат обични тенки пазарски, може да се поскапи, ама да се вакви со добра потпора. Каде да барам?
Како се врши транфер од една на друга трансакциска преку банкомат? Стопанска знам може, а од тутунска на комерцијална постои ли опција?
Др.Предраг Серафимоски, јас лично супер поминав кај него. Во Зегин ги има на Scholl тие што ги рекламираат и навистина се добри ама околу 700-800 ден се како гумени полнети со некој гел се внатре а сигурно ги има и во други аптеки. Инаку јас си имам купено едни од Зегин, околу 170 ден се и вака на изглед се обични ама многу се добри и удобни за носење.
Сакам да прашам дали некој може да ми препорача некоја страна од која што нарачувате шминки што ги нема кај нас на пр elf, wet n wild, pixi, stila итн. Сакам одамна да нарачам ама не знам од каде