Спојлер Ако има тема за прашањево префрлете ме, само не бришете итно ми треба. Има некаде фотоапарат за под вода? Колку чини? И по колку слики можат да се извадат? Некој да ми појасни..
http://grouper.mk/skopje/deal/pix-plus-w80 Не сум запознаена ама еве што најдов. 8000денари е и незнам дали уште го има, други податоци имаш на линкот.
Јас имам ваков Го купив од Техномаркет, имаше уште вакви и беа ставени на попуст. Не беше многу скап, затоа и го земавме. Отидовме по еден друг, ама го земавме и едниот и другиот. Кошташе околу 5000 и нешто. Можеш да го носиш до 3 метри длабочина (повеќе и не ти треба, уши пукаат). Квалитетот е одличен, 12.2 мегапиксели има, 5х зум и HD видео. Во однос на бројноста на слики, зависи колкава мемориска картичка ќе си купиш. Мојот модел е wp10.
Лелеее ќе чекам и такви слики од тебе! Бај д веј Техномаркет секогаш имаат добри понуди,можи најмногу да се најди таму.
Може кармин да ставиш, знам дека при каснување од пчела или оса, карминот е многу ефективен за да се спречи отокот и да се извади евентуално осилото (кај каснување од пчела). Ова поради оловото што го содржи.
Има ли во Рамстор менувачница? И до колку отприлика работат менувачниците низ градов?? П.С. Дали во пошта менуваат пари?
Дали знаете каде има ефтино печатење маици (станува збор за една маица, не за повеќе). Знам неколку места кај што се по 600-700, ама ме интересира дали негде има поефтино?
Кај зелено пазарче, кај тој што продаваше ролки шехерзад и рамбовки, на самиот влез, има клучар позади него и таму се прават маици, сосе маица се на се 500 ден е... За поефтино не сум чула
Можно е некој да ми краде од интернетот? Имам макс адесел интернет ама ми е уклучен и Wi-Fi за да се уклучувам од мобилен. Заштитен ми е интернетот, но некако чудно ми падна гледам сум го надминала лимитот 30 ГБ имав вчера а денес се уклучувам 34 а ништо немам правено само на фејс што седев. А и неверувам и тие 30 да сум ги потрошила.
Можеби некој ти го знае пасвордот. Јави се во Макс адесел и прашај каква ти е состојбата и смени ги го пасвордот. Друго нема