Што е разликата од обични корнишони и оние краставички што ги имаше во сендвичите на мекдоналдс и во пиците на домино...дали знае некој дали се продаваат,фирма нешто?
Кога ќе влезеш во ДМ во ГТЦ каде се кремите за нега на стапала ? Од што е жешко не можеш ни да бараш ни да гледаш како што треба.
Ако добро се сеќавам, кремите и турпиите се лево, но не на полицата најлево што е, туку на штандот од лево. Се надевам разбра што сакам да кажам.
Пред некоја година јадев во Грција исти такви ко од Мекдоналдс. За жал не им го памтам името, а вака по опаковка би ги препознал. Разликата врска немам што е, овие беа сосема обични краставички, со таков вкус. Можеби водата внатре во која стојат има некои други зачини, или што знам.
Не ми се смеете на прашањево Вака имам пишувано сценарио за филм (преку 1000страници е , инаку е хорор ) за ова ми требаше скоро 3 години ( не се ни замарав баш ) и е на англиски јазик , а исто така имам пишувано песни и на мак. јазик и на англиски јазик и тоа премногу песни ... Прашањето е Каде да ги однесам да ги подарам ? Ми зафакаат место ,а грев ми е да ги фрлам ... Некој совет ?
Дали на Битпазар и околните дуќанчиња можам да најдам целофанчиња мали како кесички ? Апла минијатурни, во различни форми, дезени, ни требаат за внуката во градинка.
Дали знаете каде има како навлаки за машина за перење? имав купено од базаро одамна и вчера прашав ми рекоа дека одамна немаат добиено
Пред некој период имаа проект од HBO Македонија...Кој сака да напише една сцена за серија на македонски јазик, а дејството да се одвива во денешно време....Да биде реалност, а не фантазија. Им праќаш емаил со една сцена ама нормлано треба да имаш во глава спремно цела серија. Не знам што се случи со тој проект, ама требаше да прават и на овие (екс ју) простори таква серија во организиација на HBO. Е сега ти викаш дека на англиски ти е пишувано и плус замислата ти е за филм, ама не е лошо да ги исконтактираш некако. Најди на старана некој контакт, па пробај си ја среќата.
Како мислиш да ги подариш? Твоите дела се твои чеда и ќе најдеш место каде да ги чуваш. Сигурно вредат повеќе од два пара кондури, а не зафаќаат место повеќе од две кутии.
Повеке место ми зафакаат , али и заминувам на друго место да живеам , па да не ги фрлам подобро да ги подарам ..
Сакам да прашам, дали е подобро да се направи колоноскопија во Систина или Ремедика? Благодарам однапред
Да одиш во 8-ми Септември. Услугата им е иста и се завршува за еден саат. Секој петок работат пациенти кои сакаат со анестезија (700 ден.). Цената е 13 пати пониска од Ремедика (9500 ден.) и сигурно 20 пати пониска од Систина.
Консултирај се матичниот доктор, а и секако ќе мораш да изнајдеш некоја врска за термин во скоро време. Јас за среќа немам лично искуство, ама имам блиски луѓе кои за жал имаат искуство.