Секое туркање ке си плаќа на ново за градска, а иначе секаде туркаат во мојот град и по 5 пати ги туркаат со ред и се е за пари без разлика дали знаеш ти да возиш или не
Дали некој ја има купено и користено оваа маска против загадување? Или пак некоја друга предложете ако има подобра, не се дише веќе ова..
Сакам да прашам како да ги убедам моите дека сакам факултет во Македонија да учам?... татко ми си прави филм за во Бугарија а мајка ми за во Словенија почнаа да ми бараат и стан и да бараат луѓе што веќе биле за да им кажат искуство. Јас едноставно не сакам да одам а и да одам нема да можам да учам затоа што ментално ќе сум овде а физички таму...
Прво онака со ладна глава разгледај и размисли дали идеите на твоите се толку лоши или дали ти се одбивни затоа што пробуваат да ти ги наметнат со сила. Разговарај со некој што студира во овие земји и распрашај се за условите. Откако ќе размислиш добро и ако сепак одлучиш дека не сакаш да студираш во странство, тогаш седни ги на разговор. Смирено и аргументирано образложи им зошто не сакаш да одиш и замоли ги да ти ја почитуваат одлуката. Ти најдобро си ги знаеш родителите, ама сметам дека ако ти се поставиш како возрасна и сериозна личност, за таква и ќе те сметаат. А не, на пример, ако те прашаат зошто не сакаш да студираш надвор, инаетливо да им одговараш- ТАКА! Значи, размисли убаво, смисли што ќе кажеш и смирено седнете на разговор! Среќно! Иако јас навивам твоите да те предимислат да студираш во Словенија!
Не можам да одам на страна, не сум способна. Претходно сакав но сега не. 1. Имам проблеми со здравјето 2. Имам фобија да сум сама и паѓам во депресија и на тој начин немам волја за ништо а не за на факултет 3. Дома си е дома за мене преку викенд да ги видам моите дечко ми другарките другарите 5. Нема со кој на кафе да излезеш бе и со тој што ќе излезеш таму два реда муабет пријател не се добива преку ноќ доверба не се стекнува преку ден... ќе ти фали муабет блискост на кој да му чукниш на врата во тешки моменти... тоа ме коче МНОГУ
Мислам дека тај оператор немат салон пошо се нови уште, у мојо град имат нешо као штанд и продаваат таму па сеа незз како е точно
Казнената сесија уште се вика и дополнителна и ја нема како опција на сите факултети. Кај мене на факултет е 1000 денари, а на Машински мислам дека им ја покачија на 2000. Испити не се плаќаат. Се плаќа презапишување на предмет. Најубаво е да се јавиш во студентска служба и да си прашаш,тие најубаво ќе знаат.
може ли некој да ми каже што е разликата од економски факултет и економски институт...гледам на уким ги има и двете
За додипломски или последипломски студии? За Последипломските студии некои го бираат економски институт.Таму наместо полагање испити имаш работа на проект под мониторинг на ментор. На крај на втората година полагаш (и обично сите положуваат)
За самиот испит не се плаќа, ама се купува онаа пријавата за испит (30 ден. е) и се плаќа таксена маркица што оди со пријавата (50 ден.). Зависи на кој факс си, може и да нема казнена сесија (пример на медицински немаме), а на други факултети различно се плаќа. Зависи какво чистење, но не мора да го форматираш секогаш. Може, зависи од селерот дали испорачува до Македонија.
Здраво дечки, сакав да прашам дали знаете каде има или пак сте виделе некаде агенди за 2018, или пак, обичен дефтер сличен како овој на сликата, не од оние класика обични црни дефтери/агенди? Однапред благодарам.