Со Визз можеш само ако имаш купено Приорити бординг. Инаку ќе те натераат ранчето да го ставиш во тој рачен багаж од 10кг и ако ти надмине 10кг ќе мора да платиш чекиран багаж на аеродром а тој кошта ѓавол ипол.. Ова е тазе инфо, откако ги сменија правилата на крајот на октомври..
@ЕденЧлен знам дека ти се разбираш од телефони, а повикани се тие што знаат. На мобилниот телефон на почетниот екран ми се појави бар за Самсунг телевизор,ама чудното е што кога ќе кликнам на него се појавува цел далечински за ТВ. Уште почудно е што ја пишува целата адреса каде живеам. Никако неможам да го тргнам. Дали ова значи дека некој од комшиите има нов ТВ Самсунг кое има wireless? Можам да му го изгаснам ТВ-то преку мојот мобилен?
Може ли да ми препорачате убава четка за заби (за возрасен) овие ефтините од 3-40 денераи colgate шо пишува на нив рани ме праве на непцето, оние од кам маркет исто, поскапа на colgate земав околу 160 денари исто и таа, салам четка неможам да најдам
Овие се најдобри четки за заби кои можеш да ги најдеш кај нас. Мене ми ги препорача стоматологот. Внимавај само кога ќе купуваш, има soft, super soft, ultra soft... види каква ти треба според твоите потреби. Ги има во Дм и аптека, а веројатно и по маркетите ( освен во Веро, таму не ги најдов).
Ги има во ДМ, а би требало и во Зегин ако не си од Скопје. Едит: Авери пишала, јас да додадам сите тие што си ги купила биле тврди четки претпоставувам бидејќи се најефтини. Купи си софт или супер софт. Да не идеш одма на најмека
Во скопскиот завод за здравствена заштита - поранешна „Пролет„ кај Тутунски Комбинат, веднаш покрај железничките столбови (автобус 7 и 7А), најгорен спрат (додуша прашај некого во зградата или на портирница да не има промена). Цената до пред некоја година беше 4000МКД, трае 10 години но неопходно е да се прими околу една недела пред патувањето за до тогаш го развие дејството. Задолжително побарај меународен жолт картон во кој се наведуваат сите задолжителни вакцини при патување во странство - доколку станува збор за земји каде е задолжителна или пожелна таквата вакцинација - на пр. Бразил. Прилично се ефикасни, барем во поглед на не-чувствување смрдеа од загадувањето. Речиси ништо да не се чувствува на пр. тоа што се греат на дрва. Но миризба на бензин се чувствува ако под нос ти помине некоја таква кола. Недостиг е што имаат само еден издувен вентил, наместо 2 со што би се намалило или дури одбегнало благото подигање на маската при силното издишување - на пр. при трчање по автобус, трчање по жени, по мажи, по распродажби и сл... т.е. не се најпогодни за спортување. Недостиг е и, условно кажано, кондензацијата што се создава од внатрешната страна на испусниот вентил и оние кои носат постојано очила било за 3Д или за сонце, далтонизам или евентуално диоптер им ги замаглува стаклата. Рок на траење: приближно 2 месеци доколку се користат секој ден околу 1-2 часа на пр. да стигнеш и се вратиш на факултет, односно работа, искачање и сл. Побрзај со купување зашто набергу ќе ги нема, барем не за таа цена. Изборот кога е во прашање на дизајнот на шари и големина е прилично ограничен. Или има убава шара ама нема големина, или има големина ама има без врска шара.
Другарка го има повеќе од 2 години, сеуште го користи. Го зема од маркет, вреди за парите иако беше дупло поскап од сега.
Може ли некој да ми предложи светло кафена боја за коса? Гуглам но ми излегуваат две нијанси. Што фарба се прамените?!
Ваква чашка? Или некоја слична? За човек што обожава гитара..може и предлог друг подарок да ми дадете
Дали знаете каде по маркетите се продаваат или некој има видено влажни марамчиња мали само за раце што ги даваат по рестораните
999 денари а со попуст е 899 во Култура. Од денеска е пуштена во продажба. http://kultura.com.mk/proizvod/poteklo/ Ме интересира дали преводите на Култура се добри? Инферно имаше океј превод, останатите ги читав на англиски. Ке ги тагнам @Mishela и @AnaKarenina за коментар.