Мислам дека немаат лоши преводи, не ми текнува на некое конкретно дело, ама пак не се споредуваат со Три или Ѓуѓрѓа.
Фала, јас само Инферно ја имам читано од Култура, сега проверив и од Сидни Шелдон некои дела се преведени од Култура. Дури чекам Три или Ѓурѓа да извадат превод, ке купам англиска верзија, ама првин ке го проверам овој превод, можеби и не е лош.
Па сакав да кажам дека Три и Ѓурѓа ги имаат едни од полошите преводи, подобро чувајте си ги парите за книги од таму, Култура е мислена именка за нив.
Табернакул и Култура мислам дека нудеа најдобар квалитет на времето. Останатите мене лично не ми се допаѓаат. Не сум во тек што се случувало последниве години затоа што книги најчесто читам на Англиски или Српски.
Спамирам на темава, ама морав да прашам. Српски не сакам, до сега само англиски верзии имам читано, на македонски неколку прочитани книги, па немам претстава за издавачките куќи. Фала уште еднаш.
На рекламиве гледам оваа банка ваков кредит нуди онаа таков,зар до тоа дереџе стасаа банките да мора да се рекламираат?
Јас многу одамна престанав да читам книги на македонски затоа што ми уништија неколку книги што знам дека ќе ми се допаднеа ако не ги читав на македонски Последно од Култура читав една книга, супер беше преводот.
Ја има ли некој апликацијата Netflix на телефон? Пробувам да се логирам но цело време ми пишува да пробам покасно, а сите податоци се правилно внесени. Што може да е?
Некој ако е тука сметководител или се разбира за ова ми треба совет. Пример купувам нешто преку моја фирма по фактура дали може да ми се врати ддв то или неможе? фала девојки
Ја има одамна. Дома го користиме веќе година дена сигурно. Пробај избриши и пак инсталирај. Маж ми стално гледа на телефонот или таблет. Нема проблеми.
@Gosh @duffi Пробував и на тв ја има апликацијата истото. Незнам уште да пробам со друга картица. Првиот месец е бесплатен, а после од филм се плаќа или за цел месец?
Месечно се плаќа. Си бираш пакет. Зависно на колку уреди во исто време сакаш да го користиш. Мислам од 700ден нагоре се пакетите. А од комп преку хром или друг пребарувач да пробш? Да првиот месец е бесплатен. А после ако не ја тргнеш картичката автоматски ќе ти повлекува пари секој месец.
На телефонот ја симнав апликацијата преку Playstore. А отпосле може да се тргне картицата за да не повлекува пари? И за да се регистрираш со картицата мора ли во моментот да има пари на неа?
Да можеш да ја тргнеш или промениш. За другото прашање не знам. Веројатно не. Не повлекува пари првиот месец. Пробај од комп да внесеш повторно податоци.
Не прашувам за мене али за близок прашувам. Даночен обврзник е и има фирма и сега преку фирма сака да купи некои работи кои се потребни али сметководителот му рекол нема повраток на средства пошто он бил краен купувач ова некако ми е чудно па затоа прашав