Александрија Куве, сите црвени вина на Винарија Камник, Барово на Тиквеш, Каберне Совињон на Попова Кула од линијата Резерва. Само сите овие се со повисока цена од Александрија и Т’га за југ.
Па сигурно има право сметководителот , сите работиме во интерес на клиентите.Од нив и ние лебот го вадиме, а и ги штитиме од казни . Еве еден попрост пример . Фирмата произведува чевли и работниците не хранат на работа значи нема менза. Сопственикот набавил на фактура 100кг компири за сопствени цели.Во овој случај ќе му се смета фактурата како трошок за репрезентација и ќе му се пресмета плус данок за да плати. А ако фирмата е сендвичара набавката на компири ќе се смета за суровина за помфрит и ќе може да се одбие данок. И двете фирми се краен потрошувач.Ете еден прост пример колку различни бранши имаат или немаат право на одбиток на данок. Може познаникот ако не верува да се консултира со друг книговодител ама мислам дека неговиот сметководител најдобро знае што треба , а што не.
Каде има конци за рачно везење во Скопје? Не ми се чека од Алиекспрес пак да нарачувам, а и не се преквалитетни.. На бит пазар во тој големиот магацин нема вакви, а на тезгата на крајот на пазарот (пред да се сврти лево за накај магацинот) има само црно и сиво. Ми треба избор на бои.
Јас ги користев за правење нараквици. Блиска роднина ми ги набавуваше од бит пазар, ми кажа таму дека имало, незнам каде точно бидејќи не обичам да шетам по таа територија. Прошетај убаво по пазарот сигурно има.
Карши полициската станица на Бит пазар (до Мода) има продавница убаво снабдена за волница, конци итн, провери таму сигурно ќе најдеш
Сега ја видов на Гугл мапс, иначе не сум ја поминала кога сум одела натаму. Фала, ќе поминам па ќе проверам
Па јас си вежбам, само избегнувам да скокам, зашто одам на зумба. Тие денови одам на пилатес најчесто и немам мака.
Некаде прочитав дека има саем на книгата сега во ноември? Има ли воопшто или само јас сум во заблуда? Денес отидовме на местото каде што е саемот ама беше заклучено
Знам дека во цвеќари ама во кои цвеќари....Ги има милион низ градот....А таму кај шо прашав немаше...Некаде конкретно да ми кажете доколку знаете