Има во лептокарија бре, како не си го видела, прилично голем е. При крајот на Лептокарија е (ако идеш од Центар спрема Влае, а на почетокот ако идеш од Влае спрема Центар, да речеме), гледа накај Партизанска. Не знам како си го утнала. Друг во Карпош нема.
Е и итно ми е, дали цвеќариве откупуваат готово спремени букети цвеќе?! Дома имам 7 денес ги добивме, па немам кај да ги ставам а прекрасни се, па мислев да им ги оставам во цвеќара во замена за пари?! Или луда е идејава?
Мислам дека има продавници за комјутери, т.е треба да има. А за цената се зависи од тоа што телефон имаш и што големина бараш. Ми текнува пред 3 години кога ја купував нокиата ми дадоа картичка од 8 гига бесплатно а цената и беше некој 2000 и нешто денари. Но помина многу време верувам дека сега се поевтини. Сигурно има во Амц или во Техно Маркет сто посто
Имаше пред 5-6 месеци некаде во продажба една пудра за волумен на коса од тафт http://www.drogisterij.net/producten/23 ... VOLUME.jpg Сега не сум ја видела и не можам да најдам, знае некој дали уште е во продажба?
Да не знае некој некое поефтинко место кај што принтаат маици и точна цена? (по можност да не се излуппи сликата од маицата за една недела)
Другарки отидоа во франција, сега им пратив порака на мобилен па дали знаете колку ќе ми направи сметка..?
^ Зависи на што си. Ако си на ВИП, мислам дека ти зема 17 ден., а за Т-мобајл не знам, ама можеш на интернет да провериш колкава ти е сметката. www.t-mobile.mk
А може и да ти земе 2,5 ден. ко што е стандардно. Ако си пишала порака на тамошен оператор е 17 ден., а ако си пишала на број од овде е 2,5 ден.
Каде можам да најдам влажни марамици за под? За ламинат ми требаат,од оние што се аплицираат на џогер и се за една употреба. Проверив во Веро,Тинекс никаде нема. И по која цена?
Има некој хемичар тука или што се разбира во производство на козметички средства, поточно за состојките, ми треба да прашам нешто?
Девојки сакам да ве прашам нешто дали за дипломска се носи нешто поклон и што се носи за девојче според вас, другарка ме покани на дипломска не знам што се носи.....
Ако одиш таму каде што ќе ја брани дипломската можеш да и купиш само еден букет(со еден свет нешто помалдалачко) и бонбониера, а ако си поканета дома или на забава по повод дипломска можеш да и купиш што било долна облека, накит, паричник...