Сопругот мој користи тарифа која ја нема веќе 2 години и ги користи истите поволности се останува исто, додека вие не решите да промените тарифа.
Зависи од договорот. Нас ни истече договорот со One, а во меѓувреме се споија со ВИП. Додека не потпишавме нов договор за одреден пакет, цените беа повисоки отколку претходно со One, да не речам не одраа месецот пред да го птопишеме новиот договор. Така што, ако знаеш кога истекува, не чекај да го обновиш или прекинеш, среди со време.
Каде може да најдам термос убав и сигурен да не се истура ако го превртам затоа што ќе го носам во ташна и да држи топлина до 300 ден?
@Annath, @lost123 телеком сигурно нема да има промена како што е договорот така и ќе продолжи иако е поминат.
Бев денес и ми кажа дека и без да го продолжам ќе си ја имам истата тарифа, бидејќи моментално не ми се допаѓа ниедна понуда нема да го продолжувам но истите поволности ќе ми останат.
На фб има неколку групи побарај туристички совет,сите туристички агенции на едно место и turisticki agencii тие три ми текнаа групи во моментот
Како да ги префрлам сликите од ајфон на компјутер, можно ли е сите да се префрлат или мора една по една да ги копирам а потоа да ги бришам од тел.. Го симнав icloud но неможам да се снајдам
@ivimis Отвори го фолдерот со слики (од телефонот) на компјутер, селектирај ги сите и со cut стави си ги во фолдер во компјутерот. Не мора со iCloud.
Последен пат кога се пријавував во завод за вработување им посочив да ме стават на 6 месечно пријавување. Денес ми стигна писмо дека поради не навремено пријавување немам право на повторно пријавување и здравствено осигурување 1 година!!! Што да направам? Имам право на жалба во рок од 15 дена ама не знам како да докажам дека требало на 6 месеци да се пријавувам....инаку 1ипол месец е поминат од последното пријавување.