Сакам да ми препорачате некој бутик (од било кој град ) каде што има екстра парчиња , каде што тие парталчиња ги нема на друго место (Инаку онлај ке си порачам , само дадете ми некој линк од нивната страна , и така сега секој бутик има своја фб страна)
Да видиш Бутик ИВ што нуди можеби ќе ти се допадне. Интересни работи има. Исто така ми се допаѓаат работите што ги има во Ки Вест. Ив се наоѓа кај Лептокарија, а Ки Вест е во Велес, ма да мислам дека и двете вршат испорака. За Ки Вест сум сигурна, за Ив не знам точно.
Ја гледал некој претставата “Име” од Театар Комедија? Дали е интересна и смешна како “Стујардеси” на пример? Фала
Јас ја имам гледано лани... Интересна беше колку што се сеќавам. Има интересни моменти за смеење и вреди да се погледне. Претставава ја памтам дека немаше место кога отидовме да купиме карта, па едвај ни дадоа и на крај седевме во прв ред не дошле некои гости што требало први да седат, па ние искористивме Некогаш вреди да задоцниш
Можеш да земеш од оние мирисите што имаат натпис "Внимавај како возиш, има некој што те сака!". Има разни дезени и бои. Или пак од оние како човечиња/цветчиња што се, ги има во Карес во Сити мол.
Баш вчера на друга феминка и ги препорачав овие освежувачи. Интересен дизајн имаат и прекрасно мирисаат. Инаку првин купуваш вакво од 500 денари, секоја боја си има мирис, а потоа рефилот (250 денари) може да има друг мирис. Месец - месец и пол трае овој освежувач. Спојлер http://www.kares.mk/product/78/6847/niki---osvezuvach-za-avtomobil-hrom-bronza.aspx?idcat=134