Одиш на страната на авио компанијата со која што сакаш да леташ, бираш датуми и селектираш.. внесуваш податоци, плаќаш и толку.. Ако има нешто нејасно слободно пиши ми лп
15 ден мислам дека се овие. Ќе видиш имаат бројки, 15 е пример тенко, а 70 дебело. Или кажи и тенки едноставно ќе ти даде она.
@ванилала побарај 20 DEN (се чита 20 денски - тоа е дебелината) црни мат хулахопки, во Сара Фешн се по 120-130 денари.
На Пластичарска имаш избор во дуќаните за играчки.Имаш во Анаконда и уште една од лева страна на семафори кај Пластичарска,цена не знам
Која е процедурата за правење на веб-страна? Ми треба контакт од некој веб дизајнер, заинтересирана сум за ова па ако некој знае нешто повеќе нека ми објасне
Утре треба да ја земам дипломата од факс. Но нема да сум мк. Знае некој од каде можам да ја подигнам од пон ?
Корисници на домашен Wi-Fi од VIP, имате ли денес и вчера проблем со брзината на интернетот? Кај мене е толку слаб што едвај и форумов ми го отвора, не пак други страни; цело време сум приморана да го користам мобилниот интернет, па не знам дали да се јавувам во контакт центар или кај сите е така.
@MagsDestiny и кај нас многу е слаб интернетот овие денови. Се јавивме во контакт центар ни кажаа дека сме ја надминале дозволата, за 20 дена 120 GB, а ништо не сме симнувале. И јас користам мобилни податоци цело време.
Ако има некој од Битола или Тетово и може да ми направи услуга да провери дали има еден производ во Џамбо нека ми пише
Истото и мене ми го кажаа денес. Лимитот е 100ГБ, а јас наводно месецов сум потрошила 115ГБ. Кога отворив да сменам пасворд на вифи зошто или ме краде некој комшија или ме крадат од ВИП (иако второто е поверојатно), проверив и колку имам потрошено, и ми покажа дека за тековниов месец сум потрошила 61ГБ што иако само по себе пак е многу зошто немам ништо симнувано, сепак не е ни блиску до 115ГБ. На крај ќе испадне дека го крадат народот за поголеми сметки да плаќаме поради преминување на лимитот.