Искрено не знам, по некоја си логика ако имаш потрошено повеќе од лимитот, тоа што е плус потрошено сигурно би требало да се доплати, без разлика што е намалена брзината. Како и да е, ќе видиме кога ќе стигне, а дотогаш цел месец ќе си се нервирам
@MagsDestiny пријави во АЕК или оди во некој од салоните и кажи им дека ќе пријавиш во АЕК. Сигурно ќе ти се извинат и ќе кажат дека е нивна грешка.
Во салон ќе ти дадат да попилниш приговор а знаете како оди тоа мачка на грб не паѓа така што џабе е. Инаку значи и кога се зима боксот девојките јасно и гласно кажуваат интернет 100гб со брзина 20 мб/сек,после тоа брзината се намалува на 10кб/сек и нема никакви шанси да ти наплатат нешто што и во договор го пишува
Зошто во салон на ВИП да поднесеш приговор? https://e-agencija.aek.mk/?qa_faqs=postapkata-za-podnesuvanje-prigovor-do-aek Колкави се шансите за две недели да потрошиш 115 гб? Не е ова изолиран случај, крадат на големо. Отвори ја нивната страна на фб и ќе видиш колку поплаки добиваат. Паметам дека имаше слика каде што во рок од неколку минути некој корисник добил порака прво дека 95% од интернетот е искористен а по само неколку минути 100%?
Во ред, тоа околу плаќањето се надевам дека ќе е вака како што велиш, ама мене главниот проблем не ми е колкава сметка ќе дојде туку фактот што за помалку од пола месец наводно е потрошено толку интернет. Теоретски шанси нема да е толку потрошено кога месецов немам симнувано многу работи, ниту отворано многу страни, а знам минати месеци колку сум се заборавала со симнување па никогаш досега не сум пречекорила толкав лимит. Капак на сето е што кога отворам сама да проверам за искористена дата во тековен месец ми покажува 61ГБ, а не 115ГБ. А, како што гледам, не сум само јас, ете и на @Stephen Amell истото и го кажале, а денес и на фб барав и наидов на огромен број граѓани со поплаки и за домашен и за мобилен интернет.
И филмови секој ден да симнувам, нема да потрошам 120 гб за 15-20 дена. Кога имав еден лаптоп до пред пола година, самиот лаптоп ми покажуваше колку гб е потрошено во изминатите 60 дена, и никогаш не бев надминала 100 гб, а сега за околу 20 дена, 120 гб.
Да ве прашам..Дали студентите од УГД-Штип имаат некаква привилегија при патување со автобус (пр.Струмица-експрес, Берово-транс, Галеб, Транскоп, Авто-Атом, и други превозници)..Во смисла, дали има некакви попусти во однос на цената на превозот?? Се зборуваше нешто во врска со тоа..знае некој, постои такво нешто и што треба да се направи за да се добие таа привилегија како студент ? Нешто како студентска легитимација или..некаков доказ дека си студент, па кога одиш да вадиш билет на билетара-плаќаш помалку поради тоа што си студент. Постои вакво нешто или е само ширење дезинформации ?
Каде можам да купам празна магнетна палета за шминки? Освен на интернет. https://images-na.ssl-images-amazon.com/images/I/41DWiPwaLjL._SY355_.jpg
Значи не ваква туку друг облик поголема и помала имаше во дм пред 2 месеци. прашај не знам дали има сеуште.
Дали имате порачувано леќи онлајн , и како одредувате диоптер(мислам дали е исто како кај нас)? Ви благодарам
Онлајн од prima.mk и оптика што има фејсбук страна и врши достава. Диоптрија, таа што ми ја одредиле на лекар. Од ebay или било каде другде немам.
Дечки итно ми е. Мајка ми пие спазмекс за болки во бубрег поради камен. Брат ми има камен во жолчката и штотуку доби јаки болки може да се напие спазмекс и тој?
Колку што знам јас може,спазмексот е баш за такви болки ☺освен ако нема некоја контраиндикација,не сум го читала баш упатството.