HBO-GO што имаат еден месец промотивен бесплатен период, дали знаете до кога може да се користи? Знам 1 месец трае, ама дали февруари, март би важела уште таа понуда, знае некој?
Бидејќи никој не ми врати одговор во соодветната тема тука ќе прашам Дечки после фарбањето на алиштата, какво искуство имате? Колку перења треба да поминат (да не пуштаат црна боја алиштата)? Знам дека црни со црни се перат ама мислам ме разбирате што сакам да прашам. Имам омилени црни фармерки, од носење веке ми побелеа а супер ми стојат и некако не ми се купуваат нови. Страв ми е да не ми пуштаат боја на кожата. Искуство ве молам споделете. позз и убав викенд
Земи мелено месо, ама купи кртина и нека ти го сомелат на лице место во месара, а не што било, од тоа готовото што го продаваат со соја и жили внатре. Мислам дека мора брза помош и полиција да интервенира.
Јас имам боено фармерки и до сеа не сум имала проблем.Дечко ми од мене виде и и он си исфарба панталони и кошула.Не е имал проблем и тој освен еднаш во дискотека му се истури нешто врз кошулата(не знам што беше дали алкохол дали вода) и му се офарба целата долна маица зелена (дека таква беше кошулата) По мое би имала проблем доколку многу се испотиш во нив или истуриш нешто врз нив.Или можно е и да зависи кај фарбаш штознам....Ама ја до сеа со фарбање имам позитивно искуство
... ако сама фарбаш дома ќе го имаш тој проблем на ,,испуштање,, на бојата не само при перење туку и при самото носење, додека ако се исфарбаат ,,фабрички,, односно ги однесеш на хемиско често некои од нив имаат можност и за фарбање, кондураџии или тие што занает им е околу ткаенини и кожа...
Здраво! Купив нешто во зара и мало ми е за еден број , дали можам да вратам и за колку дена имам ? јас ја прашав а имаше мн гужва едвај се слушаше, мислам дека рече 30 дена рок има ама не сум сигурна !! знае некој?
Тие што бевте на Маша и Медо вечерва Скопје..колку трае претставата? @joy1 прочитав во мајчински сте биле..само не можам порака да ти пратам
Каде можам да најдам фотокопир денес? Ми треба да испринтам нешто од усб. По можност Карпош, Лептокарија, Влае?
@Luminary Денес работи фотокопирницата кај студентскиот Гоце Делчев. На самата улица е каде што поминува 24-ката, одма карши студентскиот се наоѓа. Има табла ќе видиш, во подрум е по скалички ќе се симнеш.
Барав во опциите но никаде не најдов? Малку помош, каде можам на мојот профил да го сменам тоа, всушност да става, нешто?
Не добив одговор во темата каде што пишав, па ај и тука ќе прашам. Во фирмата каде што работам нормално пријавена сум. Е сега треба да бидам пријавена на обука 15 дена на ново работно место, бидејќи обуката ќе ми биде платена. Прашањето ми е дали може да ме пријават на обука доколку сеуште сум пријавена во сегашната фирма? Бидејќи сепак сакам да си го испочитувам законот и уште еден месец да останам на старото место.
Едните јаткасти плодови се лешници, ама што се другите? Цел ден дилема ми е. Имав цел најлон, ама после кршење кога дојде време за лупење видов дека внатре не се како лешници, а онака од надвор тешко би ги разликувала. Мазни се скроз, долги и имаат поинаков вкус. Дај ако знај некој нека кажи, цел ден се думам онака и де каснувам едно, де друго, демек за споредба.
Неодамна на една фб страна гледав џогери ама сега не можам да најдам на која. Да не знае некој да ми даде линк од страна на фб каде има такви работи?