Како се чистат најбрзо "чупки" од волнено палто, освен со тој ролерот како лепенка што е? Знаете на што мислам.
Брич мејби? Јас од термо чорапи или некои блузи со брич ги вадам. Само биди внимателна да не го искасапиш палтото ко јас еднаш чорапите право за во канта беа
Секогаш имам многу низок притисок, но моментално сум под многу силен стрес, па успеав да си го дигнам притисокот до 140 со 90 и пулс 107. Ве молам за совет како да го симнам. Ова е превисок притисок за мене и многу тешко го поднесувам. Од сабајле ми е вака. Чувствувам тахикардија и притисок во ушите. Фала
Женски морам да прашам. Навечер бидејќи спијам на страна свртена како да не се потам меѓу градите?Ставив еднаш хартија над ќебето си ја најдов.Бебешка пудра би помогнало? Бидејќи еднаш ми искочија точкички и баш летоска кога требаше да носам триаголник горен.
Веројатно најглупавото прашање кое ќе го чуете ама пазарење ми е смрт. Дали се продаваат батерии во Рептил и колку пари се?
Ако знае некој колку е наргиле во album shisha? Во наргиле во чаршија е 400, ваму некој викаат било 200.
@Avery Валеријана капки, чај, мајчина душица, маточина, б6 (две наеднаш), пола лимон исцеден и го ставаш во чаша блага вода. Нешто од ова ќе ти помогне за тахикардијата што ја чуствуваш. А ако не ти се намалува притисокот некоја таблета за висок притисок.
300 e sum bila pa znam.Manje vise tolku e. *убаво е ама некако чудно ми е местото за женски само мој совет ти е и некое машко да си соберете а иначе во Наргиле Кафе во чаршија и сегде во чаршија е по 300 за 400 не ни знам кај има једино Харем Кафе ама не верувам
Имаме некој правник (работни односи, пријавување вработени и сл) или сметководител тука? Однапред благодарам..ако се јави некој
Спрема некое кафанче или било што готова скара на 31.12? Во Скопје. Добредојдени би биле предлози, пофалби, поплаки
Знае ли некој менувачница каде што менуваат монети евра? Имам солидна сума дома, па да им го најдам крајот.
Менувачниците во Гтц менуват, ама не ти се исплати затоа што за 1 евро ти даваат 50 ден (инаку 1 евро=61,3 ден). Евентуално да видиш по менувачниците на Бит Пазар/ Чаршија, можеби таму ќе ти дадат подобра цена.
Каде најблиску во Центар, Капиштец можам да испитам мокрача за бактерија и од прилика за колку време ги даваат резултатите? Побрзо ми треба одговор, затоа тука пишав.