Работното место ми е постојано на нога некогаш и по 12 саати,некое чаре од коа ке си дојдам дома како да ги одмарам,лек некаков? Што било некаков совет од некого што би ми било од помош купка ли,витамини ли,апчиња..што било што ви помогнало?
Б6 витамини пиј, валеријана или чај од камилица.Нешто што би те смирило.Не знам за купката, мене некогаш ме освестува некогаш не
Aма нозете ми се преморени а следниот ден коа ке се пробудам бетер се преморени.Порано памтам ставаа нозе во топла вода со морска сол,некој ми вика андол да пијам ама секој ден андол да пијам?
Пијам едни мултивитамински таблети секојдневно со калциум магнезиум и се тоа ама глеам сеа има околу 100 мг магнезиум...ваљда не е доволно а?
@Feminka22 баш сега гуглав за морската сол во вода зашто го знам одамна тоа.Пишува во топла вода 4 лажички морска сол и некое етерично масло да стаам што за жал го неам.Ќе пробам баш после доручек
Магнезиум 400+Б комлекс прашок во кесички,директ во уста се конзумира,не треба да го раствараш. Диклофенак гел или од геловите на Алгасан. Јас често се имам мачкано со диклофенак кога ќе фатев воспаление на мускули,болки од возење точак. Кога ќе си отидеш дома намачкај се од гелот,до кревет еден стол нозете во положба да бидат подигнати од телото за да добиеш подобра циркулација на крвта во нозете. А прашокот би ти го препорачал пред работа. И најважно од све е обувките кои ги користиш,секогаш носи удобни обувки со меки улошки и тоа е најмногу битно.
Да тоа да бидат кренати го практикувам,алгасан не сум се мачкал сум се мачкал со онаа фердебалсам ментол или како ја викаме грчка маст ама си болат пак нозете. Демек земав и магнетни влошки уште поголема болка имав
Ако е таа што мислам таа за реума мислам дека е што си се мачкал,ако не сум грешка. Пробај со Диклофенак(јас сум задоволен ми помага) и магнезиумче но советувај се со фармацевтот,да не си алергичен и сл.. Јас мислам ќе те оправи.
Да одиш да си купиш квалитетни удобни чевли. Џабе се дома што ќе правиш ако не одиш на удобна патика/кондура.
Здраво да сакам да ве прашам дали смее да се користи витамин б6 и покрај тоа што пијам други лекарства ( за тироидната еутирокс, и поради хормонален дисбаланс Јаз контрацептиви). Некои ми велат дека не сметаат б6 поради тоа што се витамини и се раствораат во вода. Фала однапред
Окер,зелена чиста црвена @Katty52 мислам дека можеш, јас со се ги пијам ама не ми се на растварање.Нека каже некој постручен да не ја утнеме работава или консултирај се до лекар или фармацевт. @joy1
На задниот дел од главата приметив како топче подуена кожа нешто такво, не кај вратот туку баш на главата во косата. Имал некој некогаш вакво нешто?