Луѓе сама сум дома и ми прегоре осигурач. Дел од штекерите немаат струја. Утре ќе викнам мајстор. Треба ли нешто да купувам дополнително од делови (не ми се смејте поима немам од домашни мајстории) или мајсторот ќе донесе се? Колку парички да си спремам за поправката?
Доколку прегорел осигурач, јас како што знам, само тој треба да се смени. Нема потреба од ништо друго. Е сега, дали ќе донесе мајсторот, или не, незнам.. Обично дома кога ќе прегори, татко ми има едни како резерва, од таму само ќе земе, и ќе го смени, ништо друго..
Забележав неколку дена наназад дека кога ми е вклучен болјерот откај таблата со осигурачите доаѓа многу чуден звук, де брмчи де ќе престане(1 секунда и пак брмчи). Тоа се случува негде 4-5 дена и само кога болјерот е вклучен. Штом ќе се исклучи болјерот се е ок нема бучава. Да не знае некој што може да биде работата, дали е тоа нешто лошо? Која е причината за ова?
Ако те чеше десната рака (дланка) зимаш пари или даваш? Не верувам многу во тоа,но пред малку ме чешеше,па си реков да прашам.
И во Kисела Bода има исто така продавница, карши економското (Борис). Oва ти го кажувам затоа што мојот новчаник во оваа продавница што ти ја кажав беше 400-450 ден., а во оваа во Tрговски беше 650 ден. Eпа не е мала разлика, богами.
Каде можам да направам превод на свидетелства? Од македонски на англиски ми треба. Колку чини? За колку време ќе бидат готови?
http://www.yves-rocher.mk/shop/ Некој порачал нешто од тука? А,има продавница да си купам на лице место,ич не сакам вака преку инернет ?
Студентски дом најблиску до Филолошки факултет? Дали интернатот Сениќ е близу до Филолошки, отприлика колку е оддалечен? И дали во Сениќ примаат студенти - бруцоши
Треба да купам подарок за мало бебе,ама никогаш ништо за бебиња не сум купила,затоа немам идеа.Може да ми кажете некоја идеа?
^ Ау, за бебе баш нема некоја инспирација. Купи нешто што свири, само не некоја грда музика. Можеш да купиш од тие играчките што ги јадат малите кога им растат заби. Шише, цуцла има комплети. Можеш Бекутан сет, се има во него. Убаво е тоа.