Продавници за спортска фитнес опрема во близина на автобуска или Центар? Ако има и некои продавнички кај рампа во Кислела Вода попатно?
Во зависност од локацијата цените се движат од 25.000 до 35.000 евра (реновиран и наместен). На страната на www.pazar3.com.mk. има огласи.
Вo aерoдрoм нoвиoт кaфич Enjoy Coffee & Shisha кaј се нaoѓa тoчнo, дaли мoжaм сo 5 дa стигнaм тoчнo тaму и кoлку е нaргиле?
Дали дебелеат додатоци за исхрана? Треба да пијам комбинација од витамини А, Е, Ц, цинк и селен за јакнење на имунитет, па ме плаши да не влијаат на килажа?
Кај 7ца лево низ паркингот до крај па десно и одма е прв објект, кај вучко компани и тинех, наргилето е 300 ден.
Дечки каква е таа молба за работа во државни училишта? Прв пат ќе давам документи па да знам што треба да пишува? И дали знаете заверката на нотар колку чини?
Витамини може да го подобрат апетитот само ако губењето на апетитот е заради недостиг на витамини. Ама во тој случај, ако имаш недостиг на витамини, подобро е да внесеш витамини и да имаш подобар апетит, отколку да му недостасуваат на телото витамини. Така што земај си витамини или витаминска храна, ама внимавај на внесување шеќери (благо, сокови) и тестенини.
Молбата ја правиш сама на компјутер. Во десниот горен дел пишуваш до директорот на училиштето. На средина на листот пишуваш молба со големи букви. Потоа наведуваш лични податоци ( име и презиме, адреса на живеење, телефонски број и образование). Се обраќаш до директорот со молба да бидеш примена на конкретното работно место за кое конкурираш. На крај пишуваш дека се надеваш на позитивен одговор и одбапред се ааблагодаруваш. Од левата страна на документот пишуваш датум и место, а од десната име и презиме и своерачен потпис. Цената на нотарската заверка беше 150 ден. Дали е се уште толку не знам.
При поднесување годишна даночна пријава дали треба претходно да се регистрирам на страната на УЈП, да го пополнам барањето, да го испечатам и да го поднесам на шалтерите заедно со стандардниот формулар? Знам дека ова е измена и дополнување на Законот за персонален данок на доход која се воведува од 01.01.2018 год. со цел скратување на обврската за поднесување аконтативна даночна пријава, почнувајќи од 2019 год. @sanjaeva???
Како се викаат полначите за мобилен, како батерија што се??? Го полниш, и можеш да го користиш каде било за да го полниш телефонот. Се надевам ме разбравте. Сакам од али експрес да нарачам, ама незнам како да ги барам.