Power bank,но не би ти препорачала од али да порачуваш.Ги имаш во анхоч не се толку скапи.И внимавај на нивната јачина т.е колку батеријата на тел да ти е за да ти се наполни барем еднаш цел или со поголема јачина за да можеш повеќе пати да го полниш телефонот.
На пример: ќе одете надвор од државата а работете и тие денови сакате да ги покриете со боледување. Па моето прашање е матичната докторка ќе ви даде ли боловање иако сте надвор од државата.
Кои лајфстајл инстаграмерки ги следите? Можи прашањето е глупо ама ми треба малце инспирација,да погледнам некои профили што објавуваат убави слики од нив самите а и од околината и сл.
Налетав на еден оглас за работа не пишува дека треба да се достави CV,не е кој знае што работава. Ама има оставено емаил за контакт. Дали би било глупаво да му пишам да се информирам што како?
Па и нема друг начин на кој што би можело да се пријават заинтересираните. Пиши им, распрашај се. Со среќа!
За време на отсуство од работа оправдано со боледување законски не е дозволено да се напушти државата. Кеј Димитар Влахов бр.21. Поточно, во еден од новите објкети во барок стил после Камен Мост. Таму се наоѓаат Јавното обвинителство, Државен архив на РМ и др.институции кои ги наведов за ориентација.
Нема шанси матичен да ти отвори боледување и да знае дека е лажно за да шеташ. Плус правна служба од фирма има право да те контактира или да ти дојде на врата да провери како оздравуваш,особено во случај на сомнеж. Јас имав колешка што лажеше дека оперира умници пред празници и спои 2недели ама откако се дозна за кратко време потоа не и го продолжиј договорот.
Јас не лажам и не сакам да се правам болна а не сум и не се знае утре што може да ме снајде. Прашав оти сакам да знам затоа што кај нас можат да излажат го матичниот и да им даде а јас кажав си како што е па така да видам што ќе направат а иначе и од фирмата се знаат како што. Некој ми вика може некој не па така сакав да прашам дали некој е имал некаков случај како мене.
Имам уште 2 вожњи на јсп картичката останато од тие 10 за 250. Утре сакам пак да наполнам уште 10, пред да ги потрошам тие 2. Прашањето ми е дали е можно така? Да не има некој лимитиран број до колку може да има на картичката или?