Во чаршија знам за 2 местенца каде што прават баклава, десерти со шербет.. но не би знаела да ти објаснам каде точно се наоѓаат. Најдобро оди до чаршија и прашај некого, сигурно ќе те упатат.
Знам каде има низ чаршија, ама не знам дали ќе можат убаво да ми ги спакуваат. Ќе патува далеку оваа баклава со мене Фала Фала
Штом ке патува баклавата, ти треба пластична кутија која "држи" добро, не верувам дека некоја продавница ке ти ја спакува така добро. Купи ја ти баклавата, купи добра пластична кутија и спакувај си ја. Тешко тебе ако прошета шербетот.
Имам пластични кутии, секако ќе мора да си ја препакувам Баклава бе, од кај им паѓаат такви идеи за нарачки
А послужавниче? Сериозно, баклава? Не знам кај патуваш, ама нема такму баклава? Нема докулатки за да си направат? Што знам, чудни луѓе чекорат по оваа планета...
И јас ќе им направам, за благо домаќинка врвна сум, и за солено де Ама не е тоа поентата Како шо вика @LiliBoz од куленот им е Јас пак ќе поминам како што си бев наумила, со некое македонско чоколадо и винце наше, ама баклавата... Ако се снајдам да сум сигурна дека нема да морам сите алишта да ги перам штом стигнам ќе има баклава, ако не, ќе ја сонуваат
Во слаткари обично, но сите прават различни. Како и да е треба убаво да ја спакуваш излепи ја кутијата убаво
Ајде некој поупатен со Виз Ер да ми објасни која е бесплатна торба за патување по обична мала тарифа? Поточноо со Basic. Ја гледам страната и ништо не ми е јасно, има доста промени. Исто така дали може да резервирам билети и колку време трае резервацијата?
Имаш бесплатен рачен багаж максимум 10 кг тежок. Значи можеш најмал куфер или рачна торбица. Е сега за многу мали ташни како оние за телефон, пари и пасош обично не прават проблем. Но добро е да имаш простор во рачниот багаж за ако ти направат проблем да можеш да ја ставиш внатре. Можеш да резервираш во секое време online или преку мобилната апликација на wizzair. Се надевам ти дадов одговор на тоа што го бараше. Ако имаш нешто нејасно слободно пиши пак.
Супер ми стана јасно. Сега за група од 6 души од кое петиот патник е дете од 7 години дали плаќа карта? Дали во малиот багаж може да носиме течности? И дали може со штотуку изваден нов пасош да се резервира или мора да има поминато 3 месеци од вадењето?
Сега проверив на нивната страна и пишува дека деца од 2 до 14 години се пријавуваат како деца, но плаќаат како возрасни затоа што заземаат посебно седиште. Можеш да носиш течности, но не повеќе од 100мл од пакување/шишенце. Можеш да резервираш со нов пасош, нема проблем. Проблем би можело да има ако пасошот истекува за три месеци, зависно од тоа каде патуваш.
И јас така гледав на страната. Фала ти за времето што го потроши да ми одговориш. Уште ова прашање дали ќе ни прават проблем во другата земја ако извадиме билет во еден правец?