Провери да не си ја ставила на Sleep апликацијата. Кај мене на самсунг отворам во батерија, и таму ми стојат тие sleeping апликации
Да не знае некој каде има додаток за телефон што се монтира на трипод? Вака ко на сликата нешто, се навртува на обичен трипод и може да си го ставиш смартфонот. Да не нарачувам од алиекспрес, само што ми стигна триподот и сфатив дека нема таков додаток...
Девојки нешто ефикасно за симнување температура? Бевме на лекар не пратија дома со рецепт за антибиотик и парацетамол. Пиеше и од двете и еве 2 саати подоцна уште има температура. Не знам што да му праам...
Не го/ја боцнаа на дежурна? Пробајте со вински оцет на чорапи и ставете ги во кеса подврзани. Ако не бива, пак на лекар за боцкање.
Za visoka temperatura se preporacuva da ne se jade, sto e najvazno, treba da se ispie litar tecnost, voda, priroden sok, bilo sto, tusiranje so LADNA voda
Не. А за тоа отидовме. Му дадов пак парацетамол и плус аналгин. Му напраив лимонада и го покрив со ќебиња да се поти. Ако не ја бива, ќе одиме пак. Фала девојки.
Ако нема алергија на лекови, тогаш знам дека некои пијат андол и се виткаат така за да потат. Немам пробано, оти алергија имам на него.
Малце глупо прашање, но не знам кој би знаел да ми одговори. Направени домашни пици но со купено тесто, ги имав замрзнато. Колку време може да се чуваат така и да се ок за јадење?
Печурки нема, но замрзнати ми се некаде околу нова година. Значи месец дена, сеа би можеле да се јадат?
Не ми е познато што возраст е... Ако немате проблем со црниот дроб(џигерот) тогаш Ефералган шумечка таблета - има низ ZEGIN (Скопје дежурна аптека на партизанска кај Ким), многу е ефикасна и доведува до препотување - што значи веднаш да се има спремено сува и чиста облека.
24 има, и има проблем со жолчната кеса, но не со црн дроб. Може да имам ова во предвид за следен пат?! Сега веќе се испоти и му е подобро. Фала на совет.
Машала возраста ... мислев бебе мало . Инаку не ми е познато за другото, во упатството пишува само дека луѓето со тешки оштетувања на црниот дроб и бубрезите не би требало да го користат ефералганот.