Владата на РМ објавила оглас за именување на 69 директори и 25 заменици, активен е до 15.02.2018. Нели веќе беа назначени директори (конкретно знам за неколку институции од објавените дека веќе имаа директори) или има некои рокади?
Објавениот оглас е за тие што имаат статус в.д. директори ( вршител на должност) со траење од 6 месеци, а истекува сега.
Дали DVD CD може да послужи за чување на податоци (документи-Word, Excel, Power Point, Pdf) наместо на USB?
Дали е можно на чевлар да се стави скроз нов вид на штикла? Имам вакви чизмички како на првата слика, со дебелка штикла што се стеснува надоле и сакам да ја сменам, т.е. да биде скроз права дебела како на втората слика Преудобни се и квалитетни и не сакам да не ги носам, ама штиклата ми е многу одбивна веќе (а и изгребана од позади). Ако знаете каде можам ова да го направам ве молам споделете!
Каде можеш не знам, ама може да ти стави нов вид на штикла. Битно е висината да е иста и местото каде што се спојуваат штиклата и чевелот да е исто т.е. двата дела да имаат иста површина.
Па освен на чевлар, не знам каде на друго место би можела. Мене ми се скрши штиклата на едни салонки и ги сменив кај чевларот во Сити мол. Само не е воопшто евтино, околу 600-700 ден ме чинеше.
Фала ви, не бев сигурна дали го прават тоа (и дали имаат екстра штикли за користење). Имам друго прашање. Дали/каде кај нас има убави А5 папки/корици со прстени? За да си ставам мои листови како нотес, значи само корицата ми треба, ама со некоу убави дезени. Во офис плус, тримакс, просветно се обични еднобојни..
Дали во Метрото во Благоевград може да се плаќа во евра? Гледам цените на каталозите им сe во левови.
Здраво, да не знае некој во која аптека се продава генецијана виолет, да напоменам не е исто што и метиленско сино, зошто тоа ми го нудат како замена.меѓутоа не ми треба за афти.?