Мината година канцеларијата во ГТЦ не работеше овој период. Дали сега функционира, не знам. Знам дека пријавите се поднесуваат во дирекцијата на УЈП во Кисела Вода (лани и годинава).Близу е до центар, па можеш таму да отидеш за сигурно.
Девојки, замесив тесто за кифли, но снема струја и го ставив во замрзнивач тестото, ништо не му е утре да го правам?
Во обичен стави го. Во кеса. Утре пред разсукување едно 30 мин на собна остави го да надојде и продолжи си со правење кифлички. Јас често си правам од вечер тесто вака.
Мислам дека тестерчиња можеш да купиш само преку козметиката што се продава каталошки, како Авон и Орифлејм и слично, од дрогериските брендови како Лореал, Макс Фактор, Мејбилин и сите други немам сретнато да се продаваат, и на самите тестери во парфимериите пишува not for individual sale.
Јас 4 дена чекав, ама сега имало некои проблеми 2недели се чека. Нема по брза постапка, освен познат некој.
Само со автобус на ЈСП 57. Од рекорд се симнуваш на третата станица. Од левата страна пред да се симнеш ќе видиш розова зграда со голема табла на АВРМ, а називот го пишува и на постојката (десната страна) каде што ќе се симнеш. Лесно се наоѓа.
Да ми предложите фото студио каде се поефтини за вадење фотографии? Сакам да извадам повеќе, па дали некој знае како се со цени (мал формат сакам, за во албуми што се стандардни), Бимбо и ова што е во Веро не му го знам името. Предложете и друго, само пишете ми каде се наоѓа, фала