Другарка купува од странава, и пижами имаше купено задоволна е, не и се оштетило ништо тие стикерите што се или како и да се викаат
И јас имам порачувано и баш сум задоволна. Мене до дома ми ја донесоа пратката како што паметам,пиши му ке ти објаснат се.
Треба да извадам документ за да докажам дека сестра ми повеќе не живи со нас, туку во друг град, но сеуште го нема сменето презимето и сеуште се води дека живи тука, иако пола година веќе не живи. Дали некој знае каков документ треба да извадам за да докажам дека нејзините примања од плата не влегуваат кај нас дома?
Таа да се пријави како жител таму каде што живее. Пријавница за жителство,толку е. Ама не знам дали треба да земе одјава од кај вас кај што претходно живеела. Прашај за тоа.
Личната карта е официјален документ за идентификација по кој се утврдува жителство. Ако сестра ти се уште се води на старата адреса, ништо не можеш да докажеш спротивно од конкретните податоци. За платата, примањата и што не/влегува кај вас дома прашањето е неразбирливо.
На која величина (S,M,L) oдговара број на женска кошула 38? Јас најчесто носам М или L понекогаш,во средина.Ќе ми се фати?
Здраво, ми треба некој од тука што има полагано Ц1 во Скопје во Гете Институтот. Ќе ми биде од помош ако ми пише во ЛП.
Нз дали е тука место за прашањево. Направив беља . Пуштив на 30с машна, имав ставено хартија за "фаќање бои" ама не ја бивало. Ми се уништи омилената кошула, од крем ми стана бледо розе. Од дете пуштам машина, оваква глупост немам направено. Со што да ја оправам ?
Дури е уште „свежа“ бојата, стави ја во Вениш. Има пакувања за една употреба и за бели и за обоени алишта. Покисни ја неколку часа во легенче со Вениш, би требало да се врати бојата. Не сум имала ваква ситуација со целосно обојување на некое парче, ама Венишот ме спасувал кога сум вадела делумно обоени алишта од нешто што ми пуштило боја при перење.
Пробај 2-3 часа да отстои во вениш со млака вода. Ако не бива тогаш од dr.Beckmann има елиминатор на несакани бои, со тоа да пробаш.
@Mishela @Antolinaa @LiliBoz фала женски, ама немам Вениш а веќе е 22:00 ништо не ми работи во близина.