Клиничка биохемија е во зградата каде има повеќе одделенија , кога ќе влезеш од главниот влез одиш се право и на второто вртиш десно да излезеш кај паркчето, и одма од спроти е зградата. Мислам дека почнуваат со работа од 7h ама не сум сигурна.
Фала. Ги гледав видеава сабајле кога минстигна нарачкава но не сакам да ставам алкохол па некоја др алтератива ?
Сум гледала видеа на кои ги средуваат со влажни марамици, ама и влажните марамици содржат алкохол. Трета опција не знам. Инаку многу козметички производи содржат алкохол, ке ја тагнам @Biodevojka да каже колку и дали е штетен алхокол од 70%.
Здраво драга, алкохолот е тој кој што прави сѐ да биде хомогено. Меѓутоа не користи било каков алкохол туку исклучиво алиментарен (најдобро е висок процент на алкохол). Нема потреба од толку многу како девојчето на видеото. Она што јас би го препорачала во овие случаи е да се изрони скроз шминката и да се компактира со помош на некое масло на пример јојоба кое е најиздржливо како што имам направено јас во оваа статија http://biodevojka.blogspot.it/2016/05/3-1.html па како финиш да прснеш малку алкохол (а може и да нема потреба кај мене немаше потреба). Ова ти е најдобар начин според мене. Девојчето премногу алкохол стави. Поздрав.
Знае ли некој, дали доколку имам незатворен минус од две плати во една банка, можам да земам други две плати во минус од друга банка?
Да ве прашам, која е постапката да се пријавам за невработен, за здравствено осигурување да добијам? И колку време би траело отприлика?
Здравствено осигурување на товар на фондот може да добиеш само ако си невработен (се пријавуваш во АВРМ) и немаш никакви приходи на трансакциска сметка. АВРМ и ФЗО немаат поврзаност. Во ФЗО се пополнува изјава за приходите која е под лична, материјална и кривична одговорност. Може да бидеш невработен и да се пријавуваш во АВРМ, но ако имаш прилив на средства на трансакциска сметка по некој основ сам ги сносиш трошоците за здравствено осигурување на месечно ниво.
@fana Имам и го потрошив и не го вратив минусов во другата банка, и сеа не знам дали можам од истава банка кај што ми е кредитот да побарам две плати па другиве две во другата банка да ги покријам... си пливам во долгови
Незнам кај да го поставам прашањево. за тие шо се од ск, Кај треба да одам за да извадам документ дека не сум осудувана,знам во суд ама во кој?
Во Кривичен, кога ќе влезеш одма десно на шалтерите. Околу 300 и нешто денари се плаќа, за некој ден го издаваат.
Уверение од казнено-кривична евиденција се издава во судот во местото каде што си родена. Ако тоа е Скопје, треба да поднесеш барање во Основен суд Скопје 1 (бела зграда после Кривичен суд). Цената е околу 300 ден.
Во право си изгледа ќе треба во велес И друго ме интересира ако некој знае мене ми треба тој документ на интернационален јазик дали од таму може така да ми го дадат. И друго дали мора лично или може и некој друг место мене да го извади