Разлика помеѓу LCD, LED и плазма телевизори?? сега гледам баш на техно маркет сите,ама сите ми се исти... Добро цената варира зависност од големнита на екранот, нешто појаки функции. Ама и лцд 20 000, лед 20 000 и плазма исто 20 000, пример давам а мене исто ми изгледаат буквално И ај сеа?? Иди избери да те видам.
Прашањето на Faline заедно со одговорите се префрлени во новата тема што се отвори односно разделена е од СДП opsti-diskusii/valuti-i-konvertiranje-t10107/ Во иднина, ваквите прашања поставувајте ги таму
Јас колку се разбирам од техника ќе пробам да ти направам разлика. ЛЦД или домашно кино се на база на пиксели (точки) колку си блиску до него гледаш мали коцкички а со одалечување од екран се избиструва сликата ЛЕД на база на лед ламби незнам како да ти објаснам Плазма на база на плазма која после одредени изгледани мин ако не се лажам некои 20 000-40 000мин или повеќе беа се полни катодата со плазма и колку си блиску до него сликата е чиста. Зависи за која намена го земаш ТВ дали ќе го правиш со сите керефеци на сараунд-озвучување за буквално домашно кино или само ТВ како ТВ. Мој личен избор е ЛЦД. Што и да решиш пресудно нека ти биде марката на ТВ и нормално гаранција, ако се јас прашувам а не се прашувам Sony
фала на исцрпниот одговор, очекував некој од малкуве мужиња, ама пријатно ме изненади Абе знам нешто за лед диоди, сме учели физика у средно, ама поима немам што е боље или како е или зашто е, а и што ќе ми е Ти битно супер ми објасни Цените како што кажав варараат околу 20 000 денари, добро сеа има и за 120 000 ама не ми е татко Роквелер јбг За марки не рамуслував за Сони, но може, се мислев самсунг, лг или панасоник. Што знам има милиониииии, сите ми се исти. Само знам фуего не земам, слаби се доста. Данке уште еднаш
Да прашам...Ако си купам од Бугарија на пример Цитроен Ксантиа година 93-94,дизел, се што ќе ме кошта, колку би било? Значи данок, царина и други ситни давачки.. Ве молам некој ако знае, да ми помогне.
за уплатница за таксена марка ај ве молам некој да ми каже со кои броеви да се пополни во долниот десен агол (уплатна сметка, сметка на буџетски корисник и приходна шифра и програма) веднаш над датумот и место на уплата. Ај ако некоја знае ве молам итно ми е. П.С. имав уплатница за пример ама сум ја загубила некаде
http://www.femina.mk/out/?id=6caf96a0d8 ... uplati.pdf кај уплатна сметка вторите 3 цифри ти е број на општината
Каде можам да најдам Bvlgari златен накит...часовници, обетки...Ама да е оригинал. Незнам дали и воопшто Bvlgari имаат лиценца кај нас. Знае некој?
Да, најдов така. Има во многу златари. Ама како да знам дека се оригинали а не само копии што ги прават тука.... мислев да не има некаде некоја лиценцирана златара да продава
Јас би ти рекла не се замарај кој каков и што е разлика ... не е голема. Горе доле се на иста база сите. Ако гледаш да гледај марката Самсунг, ЛГ (ние имаме дома и е добар) ... Меѓутоа пак зависи од буџетот кој го имате мислите да го потрошите за ваков тв приемник.
Фала на одговор, готово завршивме работа! Од два телевизори, во рок од месец дена ни се расипаа двата И вчера трагедија, како нема да гледаме саваш Трк денес одма по тв И да се пофалам Самсунг Лед Фулл Хд 32 инчин. Есктра е! Само незнам зашто не ми чита преводи на филмови, се друго немам забелешка Toa незнам, искрено сумјам Се фушарија кај нас. Јас ја знам таа во Рамстор ми се фалеле дека имало оргинали се, но јас не сум купувала. Ако ти е многу битно Солун или Белград најблиску сигурно имаат оргинали! Сто посто! Ти посакувам да си го пронајдеш тоа што го сакаш
Уклучена сум на лаптоп.. И камерата ми е инсталирана се' тоа. Пробувам и со Фн+Ф6 да ја уклучам ама несака.. Да не знаете некое чаре?