Го имам на работа, го користиме 3-4 месеци, си работи нормално, не пожолува, не се расипало до сега, но имам една замерка,кафето чудно ми мириса а и вкусот е различен. Најверојатно од пластиката, но веќе го навикнавме.
Сецко за јаболка имам видено во Coincasa во City Mall-Скопје. Не се сеќавам на цената и не знам како функционира.
јас имам од Меркур од Бугарија го купив.Функционира супер.Го местиш на јаболкото,стискаш малце посилно и се сече на еднакви делови
Дали некој скоро бил во рок кафаната Рустикана, дали на рекорд или кај зоо иии како е со свирките дали се секој ден и цените како се движат ?
На фејсбук гледам има повеќе страни каде нудат демек оригинал тестери од познатите парфеми. Дали некој има пробано, дали се навистина оригинал или само лажги? А многу примамливи цени, по 1500 ден отприлика се и плус огромен избор имаат. Ако некој има нарачано и се навистина оригинал, нека ми прати линкче.
Некогаш кога немам можност да ја платам сметката за моб на вип до датата кога треба да се плати, се јавувам во контакт центар и ми оддолжуваат плаќање. Така ми кажа некој и секогаш кога сум се јавувала било за два три дена највеќе.. Е сега сакам да прашам колку најдолго можам да си оддолжам плаќање? Пошто шворц...
За свирки не знам, а цените сум слушнала дека се поскапи од кафичите на кеј пример, колку за споредба.
Како се движат цените на обувките во Спингфилд ? Се мислам децава да ги оденесам и да ги честам по еден пар, ама ми е страв да не ме банкнотираат
Кај зоо сум бил скоро, одлични се свирките, прават добра атмосфера, цените мислам се нормални како и во други кафани, ресторани.
Не знам која е цената на обувките. Од 21-25 март имаа намалување од 15 % на колекцијата пролет/лето 2018, така што сега се редовните цени.
Сама прашувам, сама си одговарам Колку за информација ако го интересира некој друг, сега се јавив, ми оддолжија највеќе што може-15 дена.