Гледам дека доста луѓе даваат на каса за собирање поени. Па ме интересира како се собираат поениве. Пример за 1000 денари сметка колку бодови добивам?
Постои ли опција изнајмување на ресивери за телевизија за неколку месеци само? Ми треба за во куќа во село каде немам никаков приемник, а не ми треба за стално да купувам.
E ne znam tocno ama davaj si go tel i sobiraj si poeni moze se malce ama ss sobira ako cesto pazaris tamu
Дали можам да пишувам на тоа твит на денот мисли некои? Ама со мој потпис. Да контактирам некако некој? Или јас да си отворам профил?
Dali denes se ostava jajce vo creva i se protrude pod masa i dali cel den se pravi toj obicaj ili samo vo utrinskite casovi
Од вип има таква понуда, се плаќа месечно околу 500 ден мислам беше, и во текот на месецот кога ти ѕвони некој со скриен го покажува бројот и под него дека ѕвони како непознат.
@Ketchup Услугата е достапна за сите припејд, постпејд и бизнис корисници на Vip тарифните модели за претплата од само 250 ден. месечно. Испратете SMS со текст "SUPER" на бројот 140733 доколку сте Vip Постпејд корисник, или, пак, на бројот 140744 доколку сте Vip Припејд. Оваа услуга е достапна и за постпејд и бизнис корисниците на ONE тарифните модели, кои можат да ја активираат оваа услуга со повик во Контакт центарот на бројот 077 1234 или во кој било Vip центар.
Искрено не се исплати собирањето поени во Tinex. Пред некој ден пазарев таму, за сметка од 3700 денари добив 145 поени, и ако пресметаш, штом пет поени се еден денар, за толкавата сметка ми се вратиле само 29 денари На страна Tinex, собирањето поени е поисплатливо во Ramstore маркетите каде еден поен е еден денар, меѓутоа таму е најпаметно во текот на годината да си ги трошиш поените зошто често пред нова година се случува "магично" да ти ги снема поените од картичката (ова е од лично и од искуство на неколку блиски).
Рамстор секоја година на 31 Јануари поените ги поништуваат, кај нив пазарам со години но секогаш тоа ми го кажуваат на време, секое пазарување ми кажуваат дека имам за користење и поените ги искористувам.
Ама јас не зборувам за 31. (јануари? да не мислиш декември)? Јас зборував за некаде почеток до средина на декември. Мене баш изминатиов декември 400 и нешто собрани поени така ми ги снема, на другарка и снема 200 и нешто, значи не сум само јас на која така и ги снемува поените без да испазарам ништо со нив, па затоа престанав да ги собирам долго време, и ги искористувам почесто
250 денари беше на вип порано. Јас имам опција на тел кога вртат од непознат да ми покаже бројот. На сите ј5 верзии го имаше ова.
Не знам јас и моите блиски сите пазаруваме таму и не ни се случило тоа до сега. Инече на 31 Јануари е, зошто секоја година кога пазарувам за Новогодишните празници во текот на Јануари ги користам и ми имаат кажано дека само на 31 се поништуваат.
Не, јас оваа година поените ги искористив за Божик, сигурно е дека до 31 Јануари важат, прашај кога ќе пазаруваш.
јас мислам дека до 31ви декември можеш да ги искористиш поените. До крај на година после нова година ги бришат така мене ми кажуваат на каса секој декември
Собраните преку година истекуваат на 31 декември, а собранит после 15 декември истекуваат на 31 јануари. И јас не ги чувам, исто ти се фаќа, а многу приказни сум чула од луѓе дека магично им исчезнувале поените. Ме нервира некогаш понашањето на некои вработени, еднаш една и продаде едно расипано месо, кога го отворив цел стан ми засмрде, па и ме убедува дека е добро, а тоа цело лигаво Праша дали да ми го смени или парите да ми врати, шубе ми беше си ги барав парите. Шефот ни збор ме ми прозборе, буквално ме пречека на каса и ми ги даде парите, како да ми ги фрли Безобразлук...
Убаво ти пишала @DAngel, през година поените што ги собираш истекуваат на 31. декември. Нејсе, јас не пишав за кога истекуваат, туку дека се случува „магично“ куп поени да исчезнат, што навистина не е коректно од нивна страна, зошто со тие поени можеш доста работи да испазариш. Исто така, не значи дека ако тебе не ти се случило тоа дека не се случува воопшто, еве, не само мене, туку на повеќе луѓе им се случило, и сосема е во ред како потрошувачи да споделуваме искуства, било да се истите позитивни или негативни