Ми треба ветеринарна амбуланта што работи сеа. Во околина на Ѓорче дали има некоја или Влае?? Или по повик ако идат, многу е итно фала
Девизи можеш да смениш во секоја банка, освен во Халбанк. Тие бараат сметка да имаш кај нив, малку се прецениле.. Курсот за да ти ги откупат девизите не е ист секаде. Поточно и од банка до банка има разлика а не па во менувачници..
За да смениш девизи во банка мора да имаш лична карта, а ако не се лажам земаат и некоја провизија. Во менувачница можеш и да договориш курс доколку станува збор за поголема сума.
Веќе прашав во една друга тема, но, би сакал да напишам и тука, за секој случај. Дали некој знае да ми помогне (објасни) на кој начин функционираат банкоматите на HalkBank ? За Тутунска знам дека процедурата е следна: .пишуваш пин, бираш дека сакаш да вадиш пари, бираш сума, повторно пишуваш пин. Картичката ИЗЛЕГУВА, па потоа и парите. Дали е исто и со банкоматите на Халк? Дали е потребно откако ќе завршиш една трансакција да го напишеш повторно ПИНОТ за да вадиш по втор пат пари, или само еднаш пинот се типка и тоа е тоа? Ве молам, алармантно е, изгубив картичка и сеа се мислам... П.С. Ако некој знае, исто така, дали има 24/7 контакт-центар во ХалкБанк за да се јавам да ја блокираат картичката?
Епа штом треба пак пин, тогаш... Се сомневам дека некој би го знаел пинот за да се послужи =) Добро е шо не е од оние новите картички кои само треба да се ТИТНАТ ))), инаку до сега револуција ќе кренев. Фала ти, ми требаше тоа, да знам дали пак треба пин или се важи првиот пат =)
Кога ќе изгубиш картичка ОДМА се пријавува.. Затоа што можат да ти ги потрошат парите онлајн пин не им треба.. Пријави ја и нека ја блокираат.
@theunforgiven ти кажала Дасти веќе, ако некој ја најде картичката може онлајн да плаќа, на катичката има се што му е потребно. Инаку по секоја трансакција картичката автоматски "изглегува" од банкоматот и кога ке ја ставиш повторно бара пин.
Вакви маички (квалитетни, а со смешна цена) имам купувано од Котон, Вајкики и Њу Јоркер. Сите ми се имаат погодено, за тие пари се супер
Каде да најдам возен ред за автобуска линија број 25? Ниту на сајтот на ЈСП, ниту на некоја од мобилните апликации нема.
Обичниот за на Средно Водно од Транспортен центар се води како линија Милениумски крст на апликацијата и страната на ЈСП, а еве за 25а и 25б: http://www.jsp.com.mk/vest.aspx?vest=479
Да, го најдов ова соопштение за 25-А и 25-Б, но е за декември минатата година, а плус мене ми требаше за линија 25 што трга од Транспортен Центар. Сепак ти благодарам
Поевтин од Lild може да биде само EuroSpin, а таков во Грција - нема. Еве ти листа на ланци на сите супермаркети во Грција: https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_supermarket_chains_in_Greece
Не е проблем. 25 е линијата што оди до Средно Водно, така? Ја водат како Жичница Милениумски Крст, тој е возниот ред, сум се возела многу пати.
Да, таа што оди до Средно Водно Јас мислев дека се тоа различни линии, зошто се имам возено и со линија број 25, и со линија која наместо број си пишува само Милениумски Крст, па оттука мислата дека се различни. Во ред, посекако видов за Жичница време на тргање, па ако се исти супер, ако не се, нема врска
Masoutis (incl. Green) мислам за овој маркет некои членки зборуваа. Не сум баш сигурна. Но ќе проверам следниот пат кога ќе ,одам Грција. Фала ти