Мене стикот ми е поекономичен. А за ефиканост и двете се ефикасни, без разлика дали е спреј или стик.
А го врза ќесето да не тече водата? горе кај што го полниш треба да има две како врвки и со нив се врзува па не тече. Јас такви ќесички имам користено.
Еве сеа видов нема врвки ама ја паметната смислив со обични ластички за коса да го врзам ќесенцето, така ќе пробам па ќе видам
Двете се ефикасни е сега мене стикот ми беше поубав, лани го користев а ќе продолжам и годинава,инаку со стикот можеш да се намачкаш поубаво по цело тело
во последно време многу го користат зборот epic или epic fail..епа call me stupid ама, го знам значењето на зборот меѓутоа не знам кога да го употребам.. може некој да ме просветле, поубаво да ми објасне? фала.
Не секогаш, ништо не е апсолутно, ама во голем дел од случаите да, значи процентот е над 50ката сигурно, вреди да се проба! До колку работи мексиканскиот ресторан, што јадења има, кое јадење е најблиску до нашиве јадења, мислам да не отидам и да го повратам таму ненавикната? Како се движат цените отприлика? Ве молам за одговор. И да не ми го бришете мислењево од Х-причини, РОДЕНДЕН МИ Е!
Епа цените мене ми беа малку високи, ама ти си навикната на нив, значи ќе ти бидат нормални. Јадењата каде што има црвено пиперче до нив се многу лути. Сосовите, ако не јадеш луто, не ги ПИПАЈ под ниеден услов оти ќе играш како кукарача цела вечер. А ако сакаш да јадеш нешто ново и не знаеш што, прашај го келнерот, многу е фин. Може да ти ги извадат лутите пиперчиња од јадење ако не сакаш и слично. Јас имам многу убаво искуство од таму. Едит, мислев на сосовите кои стојат на масата, во шишенца се.
Мислиш на Амигос, на ул.Македонија што е? Повели линк со менито. http://www.restorani.com.mk/restoran/re ... amigos/50/
^Море ги разгледав цениве не се баш нормални и за мене 400денари чипс, молам?! Не бе не... кажете некоја фина гостилница со порција на нашки (се ми текнува и на крај ништо), ќебапи или стек-мек, па помфрит, па салатиче и кромид сецкан како што е редот ако треба... ова чипсови и луто не фала
Ѕирни во Дион , она првото на кеј што е. Фино ресторанче е и нема многу солени цени. http://www.dion.com.mk/ или за попријатна атмосфера http://www.restorani.com.mk/restoran/re ... avanti/48/ Аванти во ГТЦ. Во секој случај на http://www.restorani.mk можеш да им го разгледаш менито на повеќето ресторани во Скопје.
Ако сакаш да смениш нешто да не е секојдневно ѕирни си овде, мислам дека може да се најде и нешто „понормално“ за тие што не сакаат ептен да експериментираат http://www.kineskirestoran.com.mk/index ... zden-okean
Фино и ич не скапо,Старо Скопје во парк се наоѓа одма до занзибар. Кока кола е 60, плескавица со гарнир копир и салата е 110 а стек 120-130. Вина исто има, дури и домашни мислам. Мене ракијата домашна ми се свија и не беше скапа 60-70 денари а убајни. Ова ти е баш така кафанче гостилница ама не е бритија тука онака има некој стар македонски трандиционален шмек.
Сакам да ве прашам на која рака се носи женски часовник? Имам слушнато дека машките носат на лева, а девојките на десна рака. Исто така имам слушнато дека десничари носат на лева, а левораки на десна рака. Дали има некое правило?