Беше некој денес на саемот за книга? Како е? Изложени се сите наши издавачки куќи? Цените какви има ли значаен попуст?
Стварно незнам во која тема му е местото на прашањето, па ќе прашам овде.. Со која апликација се прави матново позади како на сликава? Гледам во последно време сите постираат слики со вака направена избледена позадина..
Не знам дали има апликација, но на Инстаграм имаш таква опција во алатките за едитирање на фотографии. Tilt Shift е опцијата. Си поставуваш фокус - ветрикален или радијален и сето останато се заматува.
Ја симнав апликацијата но има само алатка која ја заматува целата слика како и на сите други апликации. А не ти сам да си приспособиш кои делови да се заматени
Извини навистина не можам да ти помогнам. Не знам со која апликација би можело само одреден дел од сликата да се замати. На Paint обиди се , искрено не знам што да ти кажам.
Има една апликација DSLR Blur а ова можеби и не е апликација. Вакви слики вадат телефони што имаат по две задни камери.
Знам дека на поновите Iphone има таква опција самиот телефон, focus мислам дека е само. За андроид не знам, јас на мојот самсунг имам фокус само на предната камера (исто како опција од тел), а за задната не знам
Го искршив екранот на телефонот, дали кога ќе го носам на сервис ќе можат и предната камера од внатре да ми ја исчистат некако бидејќи е превалкана буквално ништо не се гледа. Имам Samsung J5 2016. @ЕденЧлен ? П.с дали ќе може да ми пише ЛП некој што пие протеини како додаток во исхрана да го прашам нешто.
Ми стигнало известување од пошта дека ми стигнало нешто од алиехпресс ама сега го најдов листот а стигнал на 28 ми, таму пишува рокот за подигнување тече 5 дена и сега не знам да идам ќе може уште да го подигнам тоа што ми стигнало или да не ми прават проб? Фала
Оди прашај и провери си . Ништо не губиш со тоа, ако отидеш да видиш и да си прашаш. Инаку не сум имал вакво искуство .