аууу немам поим, прв пат слушам такво нешто. јас на пример сум десничар,а саатот си го носам на лева рака-незгодно ми е на десна да го ставам саатот
Од кој датум почнуваат годинава предавањата на факултет? 15 септември или 1 октомври? Со оглед на тоа што втор уписен рок е на 17 септември, би требало на 1 октомври да се почне. Или?
Мислам дека тоа зависи од факултетот. Пред некоја година, знам европски почна од октомври, а педагошки од септември.
Вистина ли нес-кафето било штетно,луѓето што го пиеле после 30-та година имале проблеми?Оти ми се пие сега а се мислам дали да си направам
Штетно е ако пиеш по 5 кафиња на ден. Инаку не, мене на лекарката ми вика да пијам по едно кафе ан ден заради пренизок притисок. И да ако имаш висок притисок не треба да пиеш нес често.
Значи ако гледаш што е штетно, а што не не треба ништо да јадеш и пиеш. Нема веќе ништо користно, се е вештачко, така да едно нес кафе верувај не прави ништо полошо нити па подобро. Викаат дека е штетно затоа што е кафе со млеко, а тоа е потешко за желудникот. А за луѓе после 30 години немам слушнато дека ќе им се деси нешто ако пијат нес
^Другарка ми, ми има кажувано дека цените се движат околку 500-600ден. но ако карикатурата не е во боја. Ако сакаш да ти ја направат во боја доаѓа отприлика 1200ден. За рамката допаќаш некаде околу 150ден. (200ден. максимум)
^ Знам земав еднаш од таму карикатура, само не ми текнува рамката колку беше, ама дефинитивно не беше 200. 200 беше тоа хартиеното,пластичното, тутурутка ли се вика незнам, ама знам дека рамка вистинска е поскапа, некој друг?
Ми треба маж за муабет нормален , и строго маж оти жениве ме побудалеа.Ако има некој за дружење нека се обрати во лп.Значи муабет, не еротски, туку секојдневен и досаден...како мене
Дали знаете од каде може да купам Dream Catcher? Ги има кај нас или треба да го нарачувам од некаде? Ако да, тогаш каде се продаваат?
Можеш и сама да си направиш доколку ги имаш потребните материјали. Има на интернет секако видеа како се прават. Јас кога бев на камп GLOW пред неколку години правевме таму и баш убави излегоа, но мислам дека материјалите им беа донесени од САД. До сега кај нас не сум сретнала, но во Италија лани на екскурзија ги имаше во изобилство. А, можеш сигурно и преку некој сајт да нарачаш.
Сакам да прашам дали некој знае да игра Јамб и да ми помогне околу правилата. Лани на одмор си купив, во комплет со листиња, но џабе... Еве вака излгеда листето.