Мене ми е највеќе за да не касне нешто додека е надвор, или да не и фрли некој нешто, и плус за законот нели
Епа кога ја шетате ке внимавате каде душка или мислиш дека во двор некој може да и фрли нешто? Мачење е за кучето постојано да ја носи маската, особено кога се шета. Кога шета кучето брефта и најголем дел од воздухот кој го зема е преку уста. Ја маска би ставила само доколку не можам да го контролирам кучето, пример ако е ептен големо и агресивно. Ама големи кучиња обично се шетаат со давилица (каивче за врат кое внатре има шилци и ако влече го боли или пак каивче кое се стеснува и го гуши кучето ако почне да влече).
Јас имам иста ваква, од ветеринарот ја земав околу 700 мислам дека беше не се сеќавам дека оддамна е. Ама мислам дека сите пет шопови и ветеринари имаат маски. Е сега моето куче не ја трпи и постојано со не ме удира по нозе, па не му ја ставам само кога го шетам јас ја носам со кесичките во рака маската демек ако нешто полиција ни прави проблем. За јадење од земја нешто кога го шетам обавезно го пазам, каде душка, каде трча, еднаш има земено нешто и одма му го извадив од уста. Не е пријатно воопшто за кучето било каква маска, дека му смета кога ја отвара устата кога му е жешко. Има и уште еден вид маски ама тие се ставаат само околу муцката и воопшто не се практични, мислам дека се само за на ветеринар. Овие пластичните се поефттини околу 300 ден мислам дека се ама воопшто не се практични бидејќи се многу мали, крути и не лежат. И овие само за вет, за шетање нема шанса дека не може да отвори уста кучето кога му е жешко.
Ми требаат мат црни хулахопки за на црно фустанче. Во последно време купувам на Пенти, ама нешто не ме воодушевуваат. Предлог?
Благодарам @violetblue, ќе разгледаме баш, ама секако не би сакала да и правам мачно да и биде. И за во двор ми е, секакви луѓе има, и почнаа многу да ги трујат кучињата во околина па страв ми е и во двор да ја пуштам да се истрча. Не е многу голема, среден раст, ама мирничка е, не е ни агресивна па да ја ставам маската со таа намена. Само за тоа со труењето ми беше, дека многу си е стрвна, се да душне и да проба. Ќе видам сепак како ќе реагира, ама нема да ја малтретирам со тоа никако ако видам дека и е мачно. Ти благодарам на мислењето.
Не знам што да кажам, и во двор фрлаат отров, баш една феминка имаше таков проблем, среќа на време реагирале (@1209 на твоето кутре му фрлија отров, така?). Инаку измачување е за кучето постојано да ја носи маската. Чаре нема, нека седи во бокс а само кога вие сте тука, тогаш пуштајте го во двор и шетајте го почесто. Ретко кое куче не е лакомо, јас знам само едно куче кое крие храна, карактерот му е таков. Инаку треба јака дресура за да почне да јаде храна само од еден човек.
Кај нас пред неколку години некој од соседите фрлаше виршли и колбаси со отров или со игли во нив. А соседот и денес со воздушна пушка ги гаѓа мачките кои му пречеле и влегувале во неговиот двор. По тоа ќе видите каков народ сме.
Некој што работи во туристичка агенција да ми пише лп? Или некој што знае некој што работи таму? Сакам да прашам нешто...