Се сетив дека можам да купам филигран кога ја спомна иконата, и кога ќе си одат од Мк да имаат еден симболичен спомен. Постелнина им купив за веридба, блендер си купија минатото лето. Фала ти премногу
Женски од Охрид дали знаете дали класик компани влегува во секој град?! И дали стои на сите постојки во Охрид до главната автобуска или не?
Во Охрид комбињата стојат кај Тамаро на бул.Туристичка таму им е агенцијата.И застанува во сите градови, мајка ми се имаше возено еднаш и рече дека застанувал.
Дали може да се отиде на полигон и да се вежба со сопствено возило, не со автошкола? И ако може дали/колку се плаќа?
Бидејќи не сум од Скопје, и сакам да сменам цигари со vaporiser (пософистицирана електронска форма на пушење, ефтините се многу штетни) дали знае некој каде во Скопје има добар избор на ова и масло/патрони/кертриџи?
Не сум баш сигурна, но има штанд во Сити Мол за електронски цигари и сл, некаде кај Котон. Ако те носи патот натаму можеш да провериш.
За полигон не знам, мислам дека без инструктор не може. Но можеш на некој поголем паркинг кога нема гужва да вежбаш.
Можеш и да отидеш под Кале, кај што е стариот полигон. Малку избледени се линиите, ама ќе се снајдеш. Плус имаш едно како ридче за рачна.
Многу ми е ниска колата, на три прста од земја, а под Кале е хаос. Паркирањето ми е проблем, тоа сакав да вежбам, али ради колава сум ограничена. Сепак фала ти
@КикиМаус јас вежбав на паркингот кај Борис Трајковски, супер е кога нема никој, можеш да си вртиш крукчиња, да се паркираш рикверц, паралелно итн