Една од моите омилени игри треба подолго објаснување....значи сега ќе седнам убаво да искуцам и ќе ти пишам
kitty.lover ЈАМБ значи вака: -се игра со 6 коцки, -може да играат колку сакаш играчи, дури и сама-ако ти е досадно....но поубаво е кога играат двајца или повеќе -секој играч си има свое ливче -и имаш право на три фрлања, после секое фрлање имаш право да тргаш некоја коцка на страна, по второто фрлање можеш некоја да вратиш да ја фрлаш а друга да тргнеш на страна... -секогаш во квадратчињата се пишува збирот на коциките Јамбот е поделен на три дела прв дел е оној каде што се трудиш да собереш што повеќе коцки со иста бројка. - Тоа е првата графа од 1 до 6 во сите колони втор дел е минимумот и максимумот, каде што се трудиш што поголем и што помал збир да направиш и третиот дел е последниот најдолниот каде што треба да собереш комбинации од три фрлања(односно еден круг) За првиот дел: 1-6 кога играш за 1....целта ти е да собереш 5 кеца од 6 коцки, но ако тоа го успееш,имаш право начетвро фрлање за 6ти кец, и ако го добиеш шестиот 1 си пишуваш 6 а не 5......можеби ќе собереш само 3 и ќе си пишеш три. кога играш за 2,3,4,5,6.....целта ти е да собереш 5 коцки од одредениот број....но овдека немаш право на четврто фрлање и дури и да добиеш 6 исти коцки не можеш да ги пишеш како шес. пример ако ти се паднат 6 коцки со 5ка....ќе си пишеш 25 а не 30 делот минимум и максимум: самите зборови ти кажуваат значи што поголем збир и што помал збир....а зошто е така...ќе прочиташ подолу и третиот дел со комбинациите Кента- значи да собереш 5 редоследни коцки, имаш две опции -1,2,3,4,5 -2,3,4,5,6.....ако ти се паднат редоследно од прво фрлање во графата си запишуваш 60, ако ги собереш од второ фрлање 50, а од трето 40 Трилинг- треба да собереш три исти.....во коцката треба да пресметаш, пример имаш 3 5ки,3*5=15 + 20 = 35....значи во трилингот секогаш на збирот од коцките додаваш +20 Фул- 2+5...значи две исти коцки со три исти пример: 22-555 11-333 66-444...не е важна комбинацијата само да е 2 со 3....во коцката се запишува збирот на коцките + 30, значи ако имаш 2+2+3+3+3=13+30 = 43 Каре- 4 исти коцки....се запишува збирот + 40...пример 4 4 4 4 = 16+40 = се запишува 56 YAMB- kakо што се вика и самата игра е да имаш 5 исти коцки.....се запишува збирот + 50...пример ....6+6+6+6+6=30+50=80 Сега да ти ги објаснам графите: -прво,можеш а и немораш да не ги играш последните две колони О и М јас сега ќе ти пишувам како да ги играш, во случај да се решиш да не ги играш не ти менува ништо во правилата -првата колона- со стрелка надолу, мораш по ред да ги играш одзгора-надолу....во смисла мораш прво да го играз 1....па можеш после да играш што сакаш но во таа колона следниот потег мора да ти е 2,па 3 -втора колона...е таа се нарекува слободна, во неа можеш кога сакаш и каде сакаш да пишувавш можеш да играш прво јамб,па 6ка,па максимум,.....буквално нема редослед -трета колона...правило како во првата,ама мора да почнеш одоздола (според мене најтешка,зошто неможеш да ја почнеш без јамб) !но постои едно правило се вика шкртање, по три фрлања ако сметаш дека веќе немаш каде,имаш право во коцката да пишеш 0 -четврта колона...НАЈАВА, во оваа колона не се бара редослед но се бара најава, по првото фрлање на коцките во еден круг, ако видиш некоја добра комбинација/збир пример имаш 4пати 5, ги тргаш на страна и велиш НАЈАВА ЈАМБ....значи сега нема мрдање, фрлаш уште два пати и ако ти се падне уште една 5ка си пишуваш јамб во оваа колона, ако не тогаш шкрташ=0 истото ваши за целата колона, ама мораш да речеш најавувам ,......и кажуваш што -пета колона.....во оваа колона нема редослед, но има правило можеш да пишеш ама само ако од прва ти се паднало...затоа и се нарекува РАЧНА КОЛОНА од прво фрлање....значи во неа не можеш да пишеш ако фрлиш 2/3 пати во еден круг -шеста колона - D- оваа колоа функционира само ако се игра со 2 или повеќе играчи. значи ако твојот противник играл во НАЈАВА 5ки....ти си обврзана после него да играш 5ки, кои ќе ги пишеш во оваа колона D....но истото важи и за тој што игра со тебе, ако ти нешто најавиш во колоната за најава пример си играла 3ки....тој одма после тебе мора да игра 3ки во колоната Д -седма колона,со стрелките горе долу, кои се наоѓаат на средината кај максимумот и минимумот....значи овдека важи оно правило како во првата само што овдека обавезно се почнува од средината накоре и од средината надолу....каде што се стрелките небитно дали ќе почнеш прво нагоре или прво надолу -осма колона,исто како претходнава колона ама се почнува одздола до минимумот и несмееш нагоре да пополнуваш,зошто се почнува и одозгора надолу и само до максимумот......небитно е дали ќе почнеш прво од горе или долу -девета О колона.....откако сите полиња ќе бидат пополнети во сите колони, се игра оваа колона редоследно од горе надолу....па дури и да немаш ништо,пример ако ти дошол ред за 3ки, и не ти се падне ни една тројка си пишуваш 0...и играта продолжува -десета колона М....незнам зошто е ставена по колоната О, али нема везе, значи колоната М мора да биде пополнета како и другите колони пред да се игра последната колона О М колоната означува максимум....и се игра на принцип, собираш 5 кецови, ако не ги добиеш немаш право 4 да пишеш...значи или ќе бидат собрани сите 5 или ќе си пишеш 0 за кентата во оваа колона, или ќе биде од прва рака 60 или ќе си пишеш 0 за трилингот мора 3 6ки за фулл мора 55 666 комбинација каре мора 4 6ки јамб мора 6ки.... максимумот мора да е 30 минимумот 5.........во спротивно сите 0 Остана уште збирот да ти објаснам како се смета: -во првиот дел кај 1-6...класика собираш.....и на крај сите збирови од тој дел-од страната ќе ги собереш збировите -втор дел минимумот и максимумот....од максимумот го одземаш минимумот и го множиш со бројот на кецовите во таа графа пример во првата графа горе имаш 4 кеца, во истата таа графа макс. ти е 28, а мин 7.... 28-7=21 * 4(бројот на кецови)=84 кога сите збирови во овој дел ќе ги направиш од страната пак ќе ги собереш сите збирови од овој дел -и третиот дел е исто проста математика, сите колони доле си ги собираш....и на крај зборовите од третиот дел си ги собираш на страна ....е сега на страна имаш сега 3 збира од прв втор и трет дел....нив ќе ги собереш и ќе добиеш бројка....кој има поголем збир тој е победник Ако има нешто нејасно пиши се надевам бев јасна се потрудив
Кога отидов да купувам карти за Avengers не ми дадоа одма карти не знам зошто не можело и ми резервираше карти, ме запиша на список кадешто имаше запишано околу 10тина души и ми кажа да дојдам 30мин. пред да почне филмот... ако не можеш да одиш карти да си купиш, јави се и резервирај си карти, остај ти не одат многу, што си е сигурно - сигурно си е
Заборавив да ти пишам, кога ги сметаш збировите, во првиот дел од 1-6, ако збирот ти е над 60 си додаваш + 30 на тој збир во таа графа....и ако збирот ти излегол 63 наместо 63 ќе си пишеш 93
Ве молам не ми го бришете прашањето зашто многу ми е битно. Ми требаат едно 2-3 илјадарки само колку за одмор, што ми препорачувате да работам за неколку часа дневно да соберам толку пари? Инаку имам 15 години.
Купив светки за на торта ,меѓутоа сега видов дека на нив пишува дека е за декорирање на подароци и разни предмети ,никаде не пишува дека е за на торта,како што ми кажа продавачката. И во состав пишува пластика , па сега се замислив дали да ставам или не ?
НЕ ставај! Најверојатно ти ги продала колку да ги продаде , поготово чим пишува пластика во состојки, логично е дека не се за на торта.
Истите светки се тие, и за подароци и за торта. Кога има светки на тортата, тој дел не се јаде, да си знаеш за другпат.
^Како бе истите? Мајка ми кога правела торти со светки ни било дозволено да ги јадеме и нив Да не има некои посебни што се само за торта?
Јас колку што знам не се исти, тие за торта се многу мекички-како прав да речам.За разлика од овие за подароци. п.с. и сум јадела светки-ама тие си беа за торта