Каде да си купам игла за плетење, освен на Бит Пазар и кај тоа на Рекорд што е со волници и конци? Некаде во Аеродром има?
Ако се сеќавате на таа играта со плавиот зајак што вртеше едно време на сител, Изи поп како да ја барам на гугл? Ми треба.
@buba4e89 Сигурно мислиш на онаа Изи мизија што се играше со бројките од телефонот. Ја нема online и јас сум ја барала долго време. Secret Agent Izzy, добри времиња беа тие
Only fools and horses-онака фино местенце е за кежуал кафе.Доколку сакате убава храна и врвно место-Лонгуров или Нецко.За посетување и нема многу.Ако ви се оди по скали-Исарот.Глетката е многу убава.За пообични кафиња може Сверо истотака.
Само сликичка ама најдов на кајгана. Види ги Јас го барав ама ми излегуваше верзијата на пеачот од Металика.
Од продавницата на Рекорд колешка има купено за мајка и која се занимава со плетење и кажа дека имала позитивно искуство. За во Аеродром не знам дали има таква продавница.
Дали некој знае која е процедурата да сменам презиме?што документи ми требаат?Сакам да го земам на мајками презимето(почината е).
Не бев сигурна каде да го сместам прашањево. Вработена сум во една државна институција, редовно, пријавена и се тоа. Ми се пружи можност хонорарно да работам за приватна фирма (во слободно време и од дома) и ми спомнаа некој договор ќе сме потпишеле. Дали смеам да потпишувам дополнително таков договор оти сум веќе вработена? Ич не се разбирам во овие работи, ве молам поупатените да ми пишете.
Дали знаете колку се плака ако отидам со индексот да си ја побарам дипломата од пред 12 год од факултетот?
А,дали имаш уште некој/некои испит/испити неположен/неположени и дали си требала да полагаш дипломски испит според програмата според којашто си студирала?На кој факултет си студирала,инаку?
Добро,значи сакаш од факултетот да ја подигнеш дипломата од средно од факултетот којшто не ти е завршен.А,дали размислуваш за продолжување на студиите или сакаш сосема да го стопираш студирањето?