Може некој предлог од докторки тука на форумот против мускулни болови на раце? Двата мускули на раце ме убиваат од бол, па што да пијам за опуштање?
Сакам нешто да прашам, мене името ми е без ј по правило, така ми е во лк, пасош, но на факултет на испити секогаш се потпишував без ј како што сум, но упорно на резултатите со ј ќе ме пишат...пред некој ден кога бев да вадам нова лична карта ми рекоа дека мора на секој документ без ј да бидам иначе нема да има важност, пошто веќе спремам дипломска, таму да им речам без ј? Плус на електронското од факултет сум со ј и таму, таа кога ми спомна процедура за да сменам име , искрено поради една буква толку работи не ми се прават, имал некој слично искуство, бидејќи имам завршено англиски 8 степени, и таму сум со ј, ако ми дадат сертификат бидејќи наскоро планирам и тоа има ли таму шанси без ј да бидам? највеќе ми е од факултет да не ми прават проб
На дипломската ќе те пишат без ј како што си, како смеат да ти додаваат букви? И мене многу ме грешат ама одам кај нив и им кажувам да си преправат нека читаат писмени се! Твоја грешка е што не си реагирала за погрешно име на сертификатите, нека ти ги препишат без ј зошто ќе имаш проблеми. Дај им лична карта нека си видат убаво. Процедури се да ама мораш да ги средиш, документи се сепак.
Имав некаде прочитано дека со некои автобуски превозници има попуст за студенти доколку прикажеш индекс, па ме интересира да не знаете дали ова важи и за Галеб турс, конкретно за во Црна Гора ми треба?
Мислам дека важат само за во Мк, иначе внимавај доколку индексот е на некој друг, другарка за да помине поевтино зема индекс од другар, и видеа машко име (не знам каде гледаат тоа) и си плати повторно, иначе галеб е поскапо, имаше и друг превоз не се сеќавам како се викаше, и важи, само дали може и за надвор од мк нека каже некој друг сигурно