Од рекорд до бутик Престиж шус спроти економското во кисела вода со кој автобус можам да стигнам најблиску?
Одкако си купив ново бројче од вип, секогаш кога ќе ја надополнам сметката ми пристигнува оваа порака дека имам бесплатни минути.. Но незнам како да ги искористам, не ми е јасно кон кој оператор имам бесплатни кога секако ми зима кредит ...
Имаш бесплатни разговори само спрема тие што се на Џабест како тебе. Ти траат еден месец. НЕ секој што е на one vip е Џабестер, тоа беше тарифа што имаше можност да се активира на One и си остана кога се споија. Секако и сега може да си активира некој ако има желба.
Дали знае некој зошто алиштата кога ги вадам од перална не мирисаат на омекнувачот? Имам користено ленор,азура,орнел и џабе... Ставам некогаш и дополнително во барабанот во топка, ама ништо.. Чудно ми е на нова перална да не мирисаат алиштата...
Дали можам да ги купам некаде книгите во издание на “Сакам книги”, во физичка продавница, освен online? Како иде нарачувањето преку страницата? Фала
Ќе може да ми каже некој ако знае сигурно дали ако деинсталирам вибер од таблет ќе ми се исклучи и од моб или не?
Луѓе дали денес е неработен ден? Сакам да одам до автошкола, банка и до испитен центар да уплатам, али далеку ми е и нема смисла ако не работат да одам.