Стаклата се скапи, ама реално, не можи на обични пластични очила за сонце да се стават. Во оптика си бираш и рамки и стакла. Мм последно кога правеше, 200 евра го фати,со тоа што стаклата беа поскапи од рамката, оти ем диоптерски, ем за сонце. И треба многу да ги пазиш, од солена вода ептен се оштетуваат.
Женски пишав и во друга тема но не добив одговор не знам дали некој е запознаен воопшто а ми тееба совет/помош. Сакаѓ да одам на обука за депилација засега имам Центар за обуки Ева и Школа за убавина Арт најдено што држат обуки. Цените им се различни во двете како и времетраење на курсот. Дали некој има искуство со обука кај било кои од овие? Се извинувам ако не ми е соодветно прашањево на темава.
Од како се регистрирав со сопругот го сменив презимето сега го носам неговото, е сега уште не ми се средени личната карта и пасошот со ново презиме, а пасошот ми трае до 2021 год, сакам да одам до грција на еден ден, дали смеам да патувам со тој пасош, дали знае некој?
Има те ли проблем со фејсбук, не ми отвара ништо, пишува фејсбук сопре. Се друго функциунира освен фејс. Од таму е или нешто кај мене ?
Па и кај мене знаеше понекогаш да ми пишува така ама за кратко се решаваше, а сега еве цел ден така прави...ај белким ќе се среди...
Ако мислиш на апликацијата на мобилен, да, читав сабајлево на Play Store - сите се жалат. И мене не ми работи од сабајле
Дечки, има ли некој на форумот што има мијастенија гравис или да ми пише некој што познава личност со мијастенија гравис? Фала однапред, се работи за научни цели.
Не, не смееш. Може да не забележи никој, ама ако те фатат казната е 500 евриЌи. Јас веднаш сменав податоци после свадбата.
Не знам дали е таа истата (бидејќи не памтам како се викаше таа паста) во дм пред некоја недела сретнав исто ваква црна паста со активен јаглен за избелување, другарка ја има ми кажа дека била многу ефикасна и навистина ги избелува забите околу 1.500 беше...
Прво се извинувам ако прашањево не е за тука ама друга тема не најдов. Да не знае некој како може да проверам на хепи картичката од нептун колку поени имам?
Фирмарина секоја година, сметководител секој месец..зависи 2-3000 ден Плата+придонеси да си пушташ редовно и ддв обврзник ако си пази кога ќе ги прилагодуваш цените, да не си зијан Процедури, ако си трговец поединец е полесно.. за Дооел исто лесно е ама повеќе папирологија. Треба и влог да имаш во пари или средства, 5000 евра. Одиш кај овластен регистрационен агент, оставаш копија од л.к, потпишуваш 3-4 ливчиња, бираш име на фирма, бираш во која банка сакаш сметка да имаш и за 2-3 дена можеш да почнеш со работа..
Во мк не се знае ни кој јаде ни кој плаќа..не се замарај многу Инаку, се додека не влезеш во денот кога ти е роденден - малолетна си И нема врска личната карта..