Дали е функционален сајтот за закажување за лични карти? Ниту еден термин на ниту една локација не може да се закаже - вели: преферираниот термин не е слободен - иако сменивме сите термини од сабајле до вечер и датумите во седмицата.
Многу има гужва периодов, затоа нема термини на сајтот. Преку телефон проба? 080019292 од фиксен, 072929292 од мобилен.
А Ај објасни ми како со усисивач? Нели отворот на душекот е кроз цела негова ширина?! Те молам подетално
Цевката се става од обратната страна кај сто издувава.Во кош се става цевката,прво една страна па другата и се мота да се затегне и се врзува.Се надевам дека ме разбра.Јас малку се разочарав,а мажот ми е малку поупорен,па ми докажа дека може. Е сега не знам како на одмор ќе носиш усисивач,ама ќе се снајдете.А пробај и со пумпата за душеци може ќе може.
Пробај да закажеш за после две недели и мене така ми даваше за пасош. Во скоро време се е закажано и невидена гужва е.
Пробав , се снајдов , ама пак е мек . И некако не се пуне цел . Дур го закопчам , пола воздух излегол. Да заспие маж , ќе пробам на ауспух на кола
Немој ќе го оцрнеш,ќе го расипеш. Биди упорна со усисивачот.Кога ќе го наполниш едниот дел,стисни јако,па другата страна и можеш по 2-3 пати да го дополниш.Мажот ми 95 кгр.па лежи на него. Ќе го извежбаш сигурно
Дали можам да носам четки за шминка во несесерот во авион и оние работи што се на грамажа? И дали сите тие треба да бидат ставени во посебна зип ќеса?
Четките можеш да си ги носиш во посебен несесер. Само течностите треба да бидат спакувани во кеса, т.е се што се мери во мл. На пример парфем, гел за туширање или млеко за тело, маскара ( ако за неа често заборавам да ја спакувам и не ми правеле проблем никогаш) ако имаш некој течен сјај за уста, по правило и кармин и крема за лице/ раце ама најчето не тупат до толку. Треба да внимаваш само на количината секое парче не треба да биде повеќе од 100 мл. А мислам дека нема ограничување колку парчиња и колку кеси можеш да носиш. Јас сум била некој пат и со 2-3 зип кеси .Во една на пр кармини и маскари у друга крем за лице и паста у трета нешто друго.. Ако во случај прашуваш за рачен багаж за горе во авион. Ако ти е чекиран багаж доле , тогаш и немаш потреба да ги делиш. Иако јас и доле си ги пакувам послебно, пошто на мене ми е попрактично така.
@buba4e89 Како што кажа @јolene ако козметиката ти е во чекираниот багаж, немаш потреба од пакување во кесички. Доколку сакаш да носиш козметика во рачниот багаж, тогаш треба да ти бидат по максимум 100 мл и не треба да надминуваат повеќе од 1литар вкупно. Сите заедно можеш да ги спакуваш во една зип кесичка. Ги има да се купат во ДМ. Во врска со четките, нема ограничување. Јас би ти препорачала да не носиш козметика со тебе, посебно не парфем, затоа што речиси секогаш го фрлаат. Чинам, ќе одиш за Малта, па летот е релативно краток и не верувам дека ќе имаш потреба од шминки. Ако леташ од Скопје, многу ретко фрлаат козметика и не прават некоја рестриктивна проверка, но за враќање посебно внимавај и држи се до правилата. Среќен пат!
@Avery сакам да е се регуларно затоа што сакав да земам четки за шминка бар ама не сакам да ми фрлат. Инаку да за рачен прашував. А за течности нема да носам,само една пудра од 30мл и коректор. Фала ви женски. @Jolene