Да, дефинитивно. На Фришоп се најевтини, и таму можеш да купиш вистински парфем, а не тоалетна вода, која очигледно кај нас се смета за парфем и чини колку парфем. Личен пример, јас од Фришоп го купив Chanel Chance ПАРФЕМОТ од 100 мл за 94 евра, а во Космо ТОАЛЕТНАТА ВОДА Chanel Chance од 100 мл чини над 6.000 денари (мислам дека беше околу 6.500 ден.)
Драга, фришоповите се продавници кои се наоѓаат исклучиво на граничните премини, како и на аеродромите. Во Скопје и другите градови нема фришоп Има на грчка граница, на Александар Велики аеродромот итн.
Знае ли некој..? Незнаев каде да пишам,а итно ми треба. Што е можно поскоро треба да извадам уверение за државјанство ( бидејќи го немам како документ ) и нов извод.Каде да се обратам,во МТВ или? Знаете за колку време ги издаваат,колку се плаќа,што ми е потребно од документи?? Фала однапред
Најпрво оди кај што прават лични карти, пасоши и тие ствари, кажи им што ти треба. Тие ќе ти пополнат едно барање (или слично нешто), со име, презиме, матичен број итн. Се плаќа околу 250 денари и со тоа одиш во полиција. Бидејќи не сум сигурна на кој шалтер се оди, најдобро да си прашаш. Внесуваат податоци на компјутер и одма го печатат. Едит, за каде се ваѓа извод не сум информирана. Ама носи документ кај што ти го пишува матичниот број или запиши си го на ливче ако не знаеш.
Знаете ли отприлика низ Скопје кај има така ефтини коктелчиња? Сигурно под 100 денари нема, али така пристојни цени?
Во Коктел Бар не сум била одамна ама порано беа цените солидни.Безалкохолните беа 90,а алкохолните 120,150 зависно кој коктел
Па имаше кај работнички у парк, ама незнам дали уште има. Вафли има во Мартини во Лептокарија, секакви, солени, благи .. многу се убави!
Сакам да прашам, дали можам некаде да проверам дали некоја личност е почината само по име и презиме и дата на раѓање, но на државно ниво?