Прашинке има во Хоум Идеа, тоа е на Ленинова, кај Нептун, Сетек. Има во Зого во Глобал и во МБ дисконт позади глобал доаѓа. Даски со сигурност имаш во Хоум Идеа.
А на пример ако не ги исполнуваат условите ќе може ли на друг начин да ме пријават? Во сегашната фирма што работам може ли кога сакам да напуштам или?
Ако имаш прележано варичела (овча сипаница) како мала (а скоро сите ја имаме прележано), и ако го доиш бебчето, мали се шансите да префатите. Оти истиот вирус е, само различна манифестација.
Во сегашната фирма зависи од договорот што си го потпишала. Ако дадеш отказ а си со мерката до 29год, не можеш во завод да се пријавиш ама можеш да се вработиш било каде. Другата фирма дали ќе земе грант за тебе или не, зависи од самата фирма дали ги исполнува условите, не зависи само од тоа дека си до 29год.. Доколку не ги исполнува може да те пријави обично како и сите останати.
Уште едно прашање, досадна сум знам Во кои населби да барам стан ако учам на овие факултетите на Бит Пазар што се, а кои населби се до ПМФ?
Гази Баба, Бутел и други незнам во таа околина. Јас не би живеел во такво место кога би имал шанса да живеам во друга населба макар и малку подалеку да е. Ако тебе не ти е проблем ок но јас би избрал Ѓорче или Бутел, од таму до ПМФ за 20 минути си со автобус.
За ПМФ во Автокоманда. А за овие на Бит Пазар тогаш Центар, Чаир/Бутел, околу Железничка нешто, на други не можам да се сетам. Сите овие ти се за пешки одење, најдалеку ти е од Железничка би рекла, 15-20 мин.
А Кисела Вода, Аеродром на која далечина се од Факултетите на Битпазар? Даалеку се поевтини од центар
Ако студираш на ПМФ или на факултетите на Бит-пазар, најблиска населба за избор на стан е Автокоманда. Многу автобуси поминуваат од таму. За до ПМФ и не ти треба градски превоз доколку најдеш стан во близина.
Исто, за 20 минути со автобус си таму, од Кисела Вода може да е малку подалеку. Ако имаш средства за стан во Аеродром или Кисела Вода не се мисли, тоа ти е моја препорака.
Од тие две населби, Аеродром е малку поблизу мислам, но не е страшно далеку. И двете се на околу 5-6 километри мислам. Можеби не се за пешки (зависи кој дел) но има чести автобуси со кои брзо ќе стигнеш 15-20 мин. Убави населби се, и чест избор за студенти.
Здраво, дали некој го има новото списание на Убавина и здравје? Ако сака да ми сликне на страничка со добитници на подароци. Благодарам многу
Дали кај дипломите за странски јазик кои ги даваат после завршен степен , треба сите да се од исто школо за да полагаш за сертификат после или нема врска? И колку време важи тој сертификат од како ќе го добиеш има некој рок или не?
Не знам, не видов ваква тем. Сакам да прашам, знаете ли некој лек како да избркам гулаби од тераса? Што не направив ма уопрно и упорно сакаат да се вселат кај мене на балко, три пати гнездо им растурам, цедиња обесив, ги бркам ама не, не и не...Упорни се