Не се разочарувај што не можеш да аплицираш бидејќи тие најчесто бараат и други критериуми да исполнуваш. На пример јас имам завршено стручно и ми бараат 3 години работно искуство или некои сертификати.
Ако бараат фарм.техничар и ако пишува ССС значи за тој оглас се пријавуваат кандидати само со завршено средно медицинска школа-насока фармацевтски техничар. Ако е огласот за магационер на пр и пишува ссс значи потребно е да имаш било кое средно школо
Нема врска од кое школо се. Може и воопшто да немаш посетувано курс за да полагаш. Зависи кој сертификат, секој има различна важност. FCE, TOEFL, IELTS, некој друг?
За меѓународно признаени сертификати (TOEFL, DELE, DELF, ECL и сл.) воопшто не мора да имаш дипломи. Едноставно се пријавуваш за испит, уплаќаш (доколку не е бесплатно) полагаш и тоа е тоа. Ако студираш на Факултетите кај Бит пазар поточно кај Македонска Телевизија - МТВ(Битпазар е малкуцка поодалечен) и целта ти е да ти биде блиску пеш, тогаш нас. (стар) Аеродром (Скопјанка, Тобако 2, па и Три Бисери) ти се најблиску. Покрај кејот на реката Вардар од овие локации многу бргу се стига пешки - 10-15 минути. Но и останатиот дел на (нов) Аеродром не е толку далеку (15-20 мин.). Има изобилие автобуси кои често одат: 3,5,15,23,27,35,44 од кои 35-ка директно те носи до факултети но е поредок (отприлика на 30-тина минути), со другите автобуси ќе имаш пешачење уште околу 10 минути. нас. Кисела Вода е малку подалеку автобуси: 24, 31, 41, 41А - последните три те носат до Комплекс Банки/Веро центар но и Железничка станица, од каде имаш за до факултетите 10 минути пешачење (преку некој од мостовите). Разгледај ги и и населбите Капиштец(автобус 5 и 57 - овој директно до факултети), Карпош 1... Сите населби низ кои поминува долгиот булевар Партизански Одреди т.е. скратено Партизанска(тоа се делумно Центар, Карпош I, II, III, IV, Влае) изобилуваат со автобуси кои директно те носат до факултетите. (2,8,11,19,20,21,22,60 и тн.). Предноста на Аеродром и населбите низ кои минува Партизанска меѓу дкругото е дека има многу места за излевање (Капитол Мол, ТЦ Бисер, Лептокарија, ТЦ Карпош, Сити Мол...) и многу супермаркети. Проучи ја мапата на Скопје пред да дојдеш за да имаш општа ориентација која населба каде се наоѓа отприлика.
Мене ми треба положен сертификат за странски јазик иначе за туризам се работи, поточно за работа во ТА ми бараат , не знам кој да го одберам не сум упатена? Не ми напоменаа кој да го полагам дали toefl, ielts и сл, како сега да знам кој? инаку благодарам за одговорот
Епа прашај си дали преферираат некој конкретен Обично за туристички водичи и пратители доста им е и fce.. Ма да секогаш нешто понапредно е подобро. А за работник во ТА мислам дека не би требало да прават проблем со било кој од овие
Да, ама во огласот нема наведено образование,затоа ме буни. А референт би требало да се оние на шалтерите веројатно.
Средна Стручна Спрема (ова вака се викало порано, кратенката ССС сè уште се користи), инаку сега означува да имаш завршено средно училиште може и гимназија, може и стручно.
Кажете ми за префрлување од редовен во вонреден студент на угд кој документи се потребни? И колку се плаќа?