Дали постои можност во вип по истекот на договорот да ти го исклучат бројот т.е да ја прекинеш претплатата.
Не По истекот на договорот продолжуваат да ти доаѓаат сметки ама месец за месец, се додека не отидеш лично и да го продолжиш или раскинеш
Преска ја гледав програмата, скоро секаде има попусти негде повеќе негде помалку и баш видов дека до утре вечер трае.
Како најбргу може да се стигне од Vienna central train station до Vienna international bus terminal ?
Кога ќе се вклучи интернет на телефонот и еднаш ќе се отвори месенџер а потоа не го отвораш а интернетот е вклучен нон-стоп дали во целосниот приказ на конверзациите пишува "1мin" а кога ќе влезеш во конверзацијата што си пишувал со некој пишува "Active now"? Или оваа значи дека нон-стоп се отвора и затвора месреџерот а не само дека е вклучен интернетот?
Да да, по истекот на договорот секако можеш да го раскинеш. Можеш да го раскинеш и пред истекот но во тој случај се плаќаат пенали.
Знаете како се вика ова? Знам дека помага против пролив, како чај се пие, но не знам како се вика и каде се наоѓа. Мислам дека околу дрво некое расте.. знае некој?
Чајлии/паринки ги викаат кај мене А растението се вика трн/чајлија/драка (на различни подрачја различно го викаат) Не знам од кој град си, ама го има на Водно, кај што има жбунови/грмушки Така изгледа и самото дрвце Пред да стане вакво како на сликава е жолто цветче Иначе за истиот проблем помага и чај од кора од калинка
Дали сте раскинале договор со оператор пред истекот поради незадоволство од услугата? Дали во тој случај се плаќаат пенали?
Дечки, мајка ми треба да испрати 30,000 денари на роднина преку Тутунска или ТТК (не разбрала), па не' интересира колку е отприлика провизија за таа сума (инаку немаме сметки во ниедна од двете банки). Фала однапред.
И покрај тоа што не сум задоволна од услугата и неколку приговори поднесов? И покрај тоа што два телевизори ми рикнаа (матичната плоча им изгоре) поради нивна вина, што не ги заштитиле кутиите со кабли? Не ја признаваат штетата. Ќе се консултирам со адвокат, фала за инфо. Мора да можам да го раскинам договорот, не може само нив да ги штити законот.
Јас ги знам како драки, за други називи не знам искрено. Инаку помагаат за проблеми со дигестивен систем го смируваат желудникот и помагаат за болки во стомак.
Консултирај се со адвокат, најпаметно. Другар имаше сличен проблем со ВИП, не сакаше да плати пенали затоа што не беше задоволен од услугата. Ги тужеше и ги доби на суд. Па не само што не плати пенали туку и оштета му исплатија.