Јас ја купив пред кратко време, а предходно ја користев од свекрва ми. Правосмукалката вреди за секој денар, првиот пат кога ја пробав прво исмукав со обична (самсунг) правосмукалка за која сметавме дека е предобра. Кога поминав со шаркот после самсунгот филтерот од шаркот се наполни до пола со прашина, тогаш сватив колку прашина предходно ни останувала во домот.. Ти препорачувам да си ја купиш.
Девојки лап топот си ми беше тип топ среден , форматиран , и сега како гром од ведро небо не ми пали ?!!! Не држи батерија и нон стоп е на полнач , но овој пат не пали ... А пред една недела беше на формат ..
Форматирањето нема врска со ова, штом не пали воопшто тогаш нешто хардверски е , или напојувањето внатре или е отиден полначот па не пренесува струја, ке мора на сервис.
Прегорен е некој дел, ке мора повторно да го носиш. Кога ке го отворат ке видат точно што. И јас имав таков проблем, некој ден беше прегорен, ама рекоа дека поправката би била скапа, па купив нов. Другарка исто така имаше проблем, ама околу 50 евра беше поправката.
Искуства со школата и пансионот Таневи за миленици? Слушнав дека дечкото бил многу спремен и дека разбира тоа што го работи. Цени и дали некој препорачува? Кај и да е ќе се породам, имам 2 малтезера и 1 шпиц. Морам да ги тргнам барем месец време од дома, ем се бучни ем неможат без да им обрнувам внимание кога сум дома
Знаеш ли преку која агенција? Барав на нет ама не најдов ништо Да не име директен превоз од Скопје до Лескоец?
правиме муабет за Лескоец, село блиску Охрид така не за Лесковац во Србија? ако е за Лескоец нема директно од Скопје ама не ти ни треба...центарот на селото е на 2-3км од главната автобуска
од автобуска имаш постојка преку улица, си факаш автобус и за 10 минути си на последната станица во Лескоец...е сега зависи каде ќе одиш можеби повеќе ќе ти се исплаќа со такси бидејќи автобусите одат само по главниот пат
Сакам да прашам дали некој има вишок купони од Тинекс (да е од Скопје) за куфериве, a да не му требаат? ) Ми требаат 10 до крај на неделава. Собрав 5, ама незнам што повеќе да земам кога ништо не ми треба )
Да, ептен се убави. Најголемиов е со доплата од 2100 ден. Ама да купуваш работи и не ти требаат, само за да добиеш купони и не се исплаќа баш. Треба уште 1500 ден најмалце да дадеш за производи да купиш